Бидете подготвени: Јуни ќе биде најлошиот месец за овие 3 хороскопски знаци!

Јуни на голем број знаци ќе им донесе навистина незаборавни моменти, но тоа не е случајот и со овие 3. Кога станува збор за тешки моменти, големи проблеми и преиспитување на целиот свој живот, Овните, Скорпиите и Јарците навистина ќе се помачат во текот на јуни. Но, не грижете се… Овој месец брзо ќе пројде и ќе застанете повторно на нозе побрзо одошто сте мислеле!

1. Овен: Најверојатно ќе треба да забавите

Вашата владејачка планета, страсниот и безмилосен Марс, ќе влезе во ретрограда околу 26 јуни. Но, бидејќи ретроградите секогаш вклучуваат потемен период, вие сигурно ќе ги чувствувате неговите ефекти во текот на целиот месец. Бидејќи оваа ретрограда се случува во вашата 11-та куќа на заедницата, ќе се чувствувате преплавени од интензивна желба да бидете ослободени, да трчате слободно со ветрот и да ги следите сите социјални настани на коишто ќе наидете. Но, ќе имате потешкотии при надминување на препреките и непријатностите со кои ќе се соочувате.

2. Скорпија: Можно е да чувствувате притисок од насобраната енергија

На 26 јуни, огнениот и агресивен Марс, една од вашите владејачки планети, ќе влезе во ретрограда. Но, оваа темна фаза за вас ќе почне многу порано. Бидејќи Плутон исто така ви е во ретрограда од 22 април, тоа значи дека и двете владејачки планети ќе ви се постават во многу непријатна положба. Ова ќе ви ја исцрпува енергијата побрзо од кога било порано. Исто така, Скорпијата владее над вашата 8-ма куќа на смртта и повторното раѓање, полнејќи ве со страст и инстинкти. Вашата длабочина станува уште подлабока, и амбициите ви скокаат на екстремно високо ниво. Со други зборови, имате толку многу енергија во вас што можно е да не знаете како да ја исфрлите од себе.

3. Јарец: Има шанси да бидете обземени од емоциите

Почната месечна на 28 јуни ќе се случи во вашиот знак. Додека ова може да биде време на прекрасни откритија, неверојатни трансформации и спиритиуали награди, понекогаш може да биде и навистина тешко време за справување доколку се откријат тешки вистини. Ретроградата на Сатурн ќе се случи толку блиску до полната месечина во Јарец, што може да ви предизвика сериозен наплив на емоции. Што и да излезе од ова, може да предизвика да почнете да размислувате за драстични промени во вашиот живот.

Од друга страна пак, Јуни ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар