10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Некои девојки сакаат лоши момчиња. За секој човек кој направил некакво злодело, има цела толпа жени кои полудуваат по него. Многу често кога убијците завршуваат од затвор, таму ги чекаат многу љубовни писма. Во продолжение прочитајте за некои од најморничавите.

1. Жената која го следела Тед Банди

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Тед Банди, серискиот убиец и силувач кој одзел најмалку 30 животи, добивал стотици писма од неговите женски фанови додека бил во затвор. Една жена по име Џенет била толку упорна што дури успеала и да го исплаши.

Тој одговорил само на едно нејзино писмо, а за Џенет тоа бил најважниот момент во нејзиниот живот. Таа му напишала:

„Го добив писмото што ми го прати и повторно го прочитав. Го бакнував и го држев до мене. Не ми пречи да ти кажам дека плачам. Само не знам како ќе издржам. Премногу те сакам, Тед.“

Кога почнала да се појавува на неговите судења, дури и Тед станал нервозен. Тој ја замолил неговата сопруга Керол да не ѝ дозволува на Џенет да седи до неа за да не мора да ја гледа.

2. Фановите на Дилан Руф

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Кога убиецот Дилан Руф почнал да пука во црква во Чарлстон во 2016-та година, онлајн се појавила цела група негови обожавателки кои се нарекувале „Руфис“. Поради некоја причина, овие жени биле навистина привлечени од вестите за убиецот. Една од нив била толку искрена и напишала за нејзините чувства:

„Се чувствувам лошо што Дилан ми е толку згоден, но што по ѓаволите можам да направам во врска со тоа.“

Другите ја прифаќале оваа привлечност. Една од жените си го истетовирала неговото име под градите и направила блог на кој пишувала за љубовните писма што му ги праќала. Во ерата на Интернетот, овие луѓе можат да се обединат и да создадат цела подкултура, а токму тоа се случило со фановите на Дилан.

3. Обожавателките на Џејмс Холмс

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Во 2012-та година Џејмс Холмс почнал да пука во толпа луѓе во Колорадо и убил 12 луѓе. Веднаш по настанот тој добил илјадници писма од негови обожавателки.

„Се надевам дека си во ред, Џејмс. Мислам само на тебе. Мислам само на тебе. Всушност синоќа те сонував, хаха. Те масирав!“

Ова е само една од пораките со која имало и фотографија од девојката. Навистина е тешко да замислите како еден убиец полудел толку многу девојки. Многу од нив му пишувале за неговиот изглед.

„Не ми се верува дека повеќе ги нема твоите локни. Ги сакав. Сакам многу работи за твојот изглед. Згоден си. Имаш многу убави очи.“

Колку и да е морничаво, овие жени би направиле сè за Холмс.

4. Тајната обожавателка на Ричард Рамирез

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Ричард добивал многу писма и тоа од тинејџерки, но и од возрасни жени. Тој дури и се венчал со една од обожавателките додека бил во затвор. Но најморничава е приказната за Синди Хаден, обожавателката која била дел од неговата порота.

После недели гледање на серискиот убиец, таа му пратила колачиња на кои пишувало „Те сакам“. Љубовта на Хаден кон Рамирез не била доволно за да го ослободат. Таа била убедена дека ја сретнала нејзината вистинска љубов. Го посетувала Рамирез во затвор, му кажувала дека го сака, па дури ги однела и нејзините родители да го запознаат.

5. Обожавателките на Џозеф Фрицл

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Џозеф ја чувал неговата ќерка затворена во подрум цели 24 години. Додека била заробена постојано ја злоупотребувал и ја користел како секс роб. Таа родила 7 деца пред конечно да успее да избега. Џозеф бил ужасен колку што може да биде ужасно едно човечко суштество. Но сепак илјадници жени му испраќале љубовни писма. Тие му пишувале дека знаеле дека има добро срце и дека ја затворил и злоупотребувал ќерка му само за да ја заштити од неволји.

Човекот што ја делел ќелијата со Џозеф изјавил дека тој добивал дузина љубовни писма. Дури кажал за вознемирувачка фотографија од една обожавателка која позирала до маскиран маж и на која била прикажана нејзината фантазија за силување.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар