15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

11. Forest

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Оваа апликација ви помага да се фокусирате на работата и да направите „шума“. Можете да наместите тајмер од 30 до 120 минути. Ако ја исклучите програмата, вашето дрво умира. Ако сакате, можете да одгледате цела шума. За секое дрво добивате некоја вредност и можете да ја заменувате за нови видови дрва. Достапна е за iOS и Android.

12. Lumosity

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Апликацијата е направена со цел да ги развие вашите ментални способности. Одбира индивидуална програма за тренирање во зависност од вашите параметри како што се меморија, внимание, брзина, флексибилност и решавање проблеми. Апликацијата прави програма која бара да тренирате неколку дена неделно. Достапна е за iOS и Android.

13. Remindo

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Не заборавајте на малите нешта! Оваа апликација ќе ви помогне да бидете во чекор. Можете да ги групирате задачите во категории – родендени, состаноци, листа за купување, па дури и датумите за премиерите на омилените филмови и серии. Достапна е за iOS и Android.

14. Sleep Cycle

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Обичните аларми одлично си ја вршат работата, но целосно ги игнорираат психолошките аспекти на спиењето. Оваа апликација е паметен будилник направен според фазите на спиење. Апликацијата ги заштитува вашите нервни клетки и ви помага побрзо да заспиете и да се разбудите. Достапна е за iOS и Android.

15. IFTTT

15 одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни

Името е кратенка од If This Then That (ако ова, тогаш тоа). Апликацијата ви помага да поврзете 2 разни програми на телефонот од кои едната ќе биде главна. На пример, можете да наместите автоматско испраќање на новите фотографии на имејл или пак да наместите аларм за временска прогноза. Достапна е за iOS, Android и Windows.

Погледнете ги и овие корисни апликации кои сигурно ќе ви се најдат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар