Ритмички звуци предизвикани од паѓачки предмети

Ритмички звуци предизвикани од паѓачки предмети

Рену Хале е француски експериментален режисер, продуцент и аудиовизуелен композитор. Тој живее во Монтреал, а досега има изработено два проекти кои се наречени „Gravitè“ (Гравитација) и „Sonar“ (Сонар).Ритмички звуци предизвикани од паѓачки предметиВо краткиот филм „Gravitè“ се прикажани спортски топки, телевизори, ножици, прибор за јадење и други предмети кои паѓаат од воздухот на земјата. Како што удираат на земјата тие го демонстрираат ефектот на гравитацијата и синхронизирано создаваат ритмички звуци.

Овој филм бил проектиран на повеќе филмски фестивали: меѓународниот филмски фестивал во Лил (Франција), аудиовизуелните сесии Рохо Нова во Сао Паоло, филмскиот фестивал„Фантазија“ – целулоидни експерименти, меѓународниот филмски фестивал во Абитиби-Темискаминг.Ритмички звуци предизвикани од паѓачки предметиНеговиот втор проект „Sonar” е исто така многу интересен, но е поразличен од првиот. Како што кажува и самото име на проектот, авторот, инспириран од сонарот (ултразвучен локатор сличен на радарот, кој ги наслушува звуците на бродската елиса, врз основа на што се откриваат и одредуваат позициите на непријателските подморници и бродови), решил да направи неверојатна аудиовизуелна композиција која е навистина совршено синхронизирана.

Овој краток филм бил проектиран на: меѓународниот фестивал за анимација во Анеси, меѓународниот фестивал за анимација во Отава, филмскиот фестивал во Милано, меѓународниот филмски фестивал во Лил (Франција), меѓународниот филмски фестивал во Абитиби-Темискаминг, како и на музичките фестивали „Reading and Leeds“ во Бениказим и фестивалот „Фландрија“ во Гент.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар