ТВ серија: Крпачи (Stitchers)

ТВ серија: Крпачи (Stitchers)

Што би се случило доколку можете да истражувате нечие убиство во неговите сеќавања?

(1) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers)Главни улоги: Ема Ишта, Кајл Харис, Ритеш Ражан, Алисон Скалиоти

Жанр: научна фантастика, криминал

Креатор: Џеф Шектер

Премиера: 2 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9,60 од 10)
Loading...

Приказната започнува со претставување на Кирстен (Ема Ишта), млада и амбиоциозна девојка која изгледа како да има потешкотии при сфаќањето на туѓите емоции. Но, таа е многу повеќе од што некогаш би можеле да замислите. Кирстен страда од состојба наречена темпорална дисплазија, односно таа не е свесна за движењето на времето. Сè што доживува, таа го чувствува како отсекогаш да го живеела или пак, она кое го губи, како отсекогаш да ѝ било изгубено. Токму затоа, таа морала да развие алтернативен начин на кој го следи времето со цел да може да се снаоѓа во секојдневниот живот.

(2) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers)

Нејзината уникатна состојба е можеби и една од најголемите причини зошто таа брзо ќе се адаптира на нејзиното ново работно место во една тајна владина организација. Откако еднаш ќе започне процесот, за неа тоа е како цел живот да го работела. Но, за што точно станува збор? Изгледа дел од најголемите умови во светот успеале да откријат како да се приклучат за сеќавањата на скоро починатите и со маневрирање низ нивното искуство да ја откријат причината за смртта. Сè што им треба е само личност која ќе може да се спојува со нивниот мозок без притоа да дозволи емоциите да ја совладаат.

(3) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers) (4) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers)

Станува збор за уникатна приказна која досега сме немале можност да ја гледаме на малите екрани. Но, бидејќи доаѓа од каналот „ABC Family“ кој нема голем буџет за специјални ефекти, некои од сцените изгледаат малку вештачко. Сепак тоа нема да ви пречи бидејќи одличната Кирстен целосно ќе ви го привлече вашето внимание. Ема Ишта брилијантно го одигрува својот комплициран лик, па токму затоа е и центарот на оваа ТВ серија. Па, ако сте расположени за несекојдневна и лесна научно фантастична серија, која изобилува со мистерија, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса.

(5) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers) (6) ТВ серија: Спојувачи (Stitchers)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар