Неверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од музичкото дуо 2CELLOS

Неверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од музичкото дуо 2CELLOS

Лука Сулич и Стјепан Хаусер, музичарите кои стојат зад познатото музичко дуо 2CELLOS, го покажаа нивното последно ремек-дело: Спој на 5-тата симфонија на Бетовен и познатиот рок хит на Лед Зепелин – „Whole Lotta Love“. Она што започнува како две различни тематски целини постепено прераснува во една симбиоза која ниту Бетовен, ниту Лед Зепелин би ја очекувале.

Неверојатна симбиоза на Бетовен и Лед Зепелин од 2CELLOS

2CELLOS е навистина интересен бенд кој уште одамна ги има освоено срцата на сите љубители на класичната музика, истовремено задоволувајќи ги желбите и на оние кои ја слушаат популарната музика и сите преостанати жанрови. Нивните преработки на познатите хитови и нивните оригинални композиции ќе останат како доказ за нивниот неповторлив талент и страст за музиката, како и вечен доказ дека комбинирањето на различните стилови музика е еден уникатен и оригинален музички експеримент кој треба почесто да се практикува.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар