Кои се најскапите книги во светот?

Кои се најскапите книги во светот?

Некои литературни бисери имаат преголема цена поради најразлични причини и навистина е тешко некој да си дозволи да ги има во својата домашна библиотека. Некои од овие книги имаат историска вредност, а некои се скапи затоа што се доста ретки. Има и такви чија цена е висока поради начинот на кој биле печатени и поради луксузниот изглед на кориците.

1. Приказните на Бардот Бидл (The Tales of Beedle the Bard) – Џ. К. Роулинг

Кои се најскапите книги во светот?

Првата книга на Роулинг што не е дел од серијалот за Хари Потер, но сепак игра важна улога за него. Издадена е во 2007 година, постојат вкупно 7 копии напишани со ракописот на писателката, исполнети со илустрации кои самата ги нацртала. Кориците се обложени со кожа и украсени со сребро и месечев камен. Шест примерока Роулинг ги подарила на блиски пријатели и соработници, а една стигнала на аукција на Амазон. Еден лојален фан платил речиси 4 милиони долари, а писателката парите ги донирала за хуманитарни цели.

2. Трактат за овошките (Traité des arbres fruitiers) – Хенри Луи Дуамел ду Монсо

Кои се најскапите книги во светот?

Овој рачен запис потекнува од 18-тиот век и содржи вкупно 5 тома со јасни текстови и детални илустрации. Неговата вредност на аукција во 2006 година била 3,4 милиони евра и секако, имало купувач кој ги купил сите овие книги посветени на овошјето.

3. Библијата на Гутенберг (The Gutenberg Bible)

Кои се најскапите книги во светот?

Вредноста на оваа книга доаѓа од тоа што всушност е првата испечатена со помош на металната печатарска преса на Јоханес Гутенберг. Иако во периодот околу 1450-та била масовно печатена, денеска постојат само 48 копии од првото издание. Познатата јапонска книжарница Марузен купила примерок вреден 5 милиони долари.

4. Првото фолио (The First Folio) – Шекспир

Кои се најскапите книги во светот?

Се работи за колекција од сите драми кои Шекспир ги напишал и се смета за вистинско богатство на литературата. Формалниот наслов е „Комедии, историски драми и трагедии на господинот Вилијам Шекспир“. Била издадена во тираж од 750 примероци, а денеска постојат 228. Еден од соосновачите на Мајкрософт, Пол Ален, ја купил оваа книга на аукција по цена од 6,2 милиони долари.

5. Кантерберски приказни (The Canterbury Tales) – Џефри Чосер

Кои се најскапите книги во светот?

Од оваа книга постојат 12 оригинални примероци кои достигнуваат цени од по 7,5 милиони долари. Во 1998, книжевник од Лондон купил еден примерок за 4,6 милиони фунти за книгата која содржи вкупно 24 раскази.

6. Птиците од Америка (Birds of America) – Џон Џејмс Адубон

Кои се најскапите книги во светот?

Огромна книга со вкупно 435 илустрации кои ги опишуваат птиците во Северна Америка. Останати се само 119 копии, а вредноста ја зголемуваат цртежите на птици кои денеска се исчезнати. Аукциска куќа од Лондон во 2010 купила еден примерок за 11,5 милиони долари, а исто така една била продадена во 2000 година за 8,8 милиони, а друга за 7,9 милиони долари во 2012 година.

7. Молитвеникот на Ротсчајлд (Rothschild Prayer Book)

Кои се најскапите книги во светот?

Ова е фламанска колекција на христијански текстови, псалми и илустрации собрани уште во 1500-тите години, издадена на 254 страници. Во 1999, Австралиски бизнисмен ја купил за 13,4 милиони долари и ја подарил на Националната библиотека на Австралија, во Канбера.

8. Магна Карта (The Magna Carta)

Кои се најскапите книги во светот?

Ова е еден од најзначајните правни записи во историјата, со кој им се даваат повеќе права на луѓето, а се ограничува моќта на монархот. Денеска постојат само 17 копии, а една во 2007 била продадена на аукција за 21,3 милиони долари. Купувачот, Дејвид Рубинстајн, верувал дека е многу важно еден документ како Магна Карта да постои и во САД.

Прочитајте и кои се 10 изгубени книги низ историјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар