Љубители сте на историјата и географските карти? Морате да ги прочитате овие книги!

Љубители сте на историјата и географските карти? Морате да ги прочитате овие книги!

Љубители сте на мапите и историјата? Тогаш, сигурни сме дека овие две книги ќе ви се допаднат!

Љубители сте на историјата и географските карти? Морате да ги прочитате овие книги!

Затвореници на географијата: Десет мапи кои ќе ви откријат сè што треба да знаете за глобалната политика – Тим Маршал

Станува збор за книга која ја обработува темата на геополитиката, а нејзиниот автор, Тим Маршал, има повеќе од 25 години искуство во секторот на надворешни работи. Преку оваа книга одново ќе ги откриете моќите на природата и географските граници кои никој не може да ги игнорира. Преку книгата ќе имате можност и да се запознаете со најдлабоките реки и океани и највисоките планини, како и сите други природни феномени кои се посилни од која било војска, од кои било ѕидини.

Оваа книга, меѓу другото, ќе ве натера да размислите за дипломатските сценарија кои ги живееме денес.

„Сите лидери се ограничени од географијата. Планините, реките и морињата се оние кои ги ограничуваат. За да ги следите светските настани, треба да ги разберете луѓето, идеите и движењата, но ако не знаете географија, никогаш нема да ја имате целосната слика.“

На некои од вас можеби и нема да ви се допадне книгата, особено доколку сметате дека природата и нема толкаво влијание и ги негирате климатските промени.

Љубители сте на историјата и географските карти? Морате да ги прочитате овие книги!

Најкратката историја на Европа – Џон Хирст

Како што можете да заклучите од насловот, оваа книга содржи краток приказ на долговековната историја на Европа опфаќајќи ги сите важни настани, лидери и луѓе кои ја обликувале денешната Европа. Нејзиниот автор е познат австралиски историчар и професор кој на духовит начин умее да ги долови најважните настани од богатата историја на овој континент.

Љубители сте на историјата и географските карти? Морате да ги прочитате овие книги!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог за книги, можеби ќе сакате да прочитате и кои психолошки книги можат да ви го променат животот.

Извор: roadtripsaroundtheworld.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар