Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Главниот и најголемиот град на Естонија, Талин, секоја година привлекува милиони туристи, а во 1997 година беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Градот се наоѓа на брегот на Финскиот Залив, а од 13 век до 1918 година бил познат како Ревал. Иако денешниот град бил формиран во 13 век, сепак на неговата територија биле пронајдени остатоци од човечки населби кои датирале од пред 5.000 години. Благодарение на овој факт, Талин е познат и како еден од најстарите главни градови во Северна Европа.

Уште една добра вест за љубителите на историјата: стариот град е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Особено впечатливи се градските ѕидини со 26 стражарници. Шетајќи низ тесните камени улички ќе се почувствувате како да сте во бајка и како да се сте се вратиле назад во времето.

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Друга туристичка атракција која не смеете да ја пропуштите е црквата Свети Олаф, највисокиот верски објект во Северна Европа, висок околу 120 метри. Вреди да се посети и старото градско собрание, особено во текот на декември, кога на соседниот плоштад се одржува божиќниот пазар.

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Не пропуштајте го и естонскиот парламент и кулата Пик Херман, која е симбол на независноста на земјата, сместени на ридот Томпеја. Оваа локација на туристите им нуди и прекрасна панорама на поголемиот дел од средновековниот стар град.

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?

Откако прочитавте за историските занимливости за Талин, можеби ќе сакате да прочитате и за најубавите градови во светот опкружени со ѕидини.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар