Зошто искуствата се повредни од материјалните работи?

Зошто искуствата се повредни од материјалните работи?

Искуствата или материјалните работи – што вреди повеќе? Сакаме да поседуваме убава облека, накит и се чувствуваме задоволни кога конечно ќе ги добиеме. Но, ова чувство на задоволство многу брзо згаснува и одново се јавува желбата да купиме нови работи.

Зошто искуствата се повредни од материјалните работи?

Што ако ги вложите вашите пари во нешто што ја збогатува вашата душа?

Вистина е, парите не можат да ја купат среќата, но кога ќе ги вложите во разноразни животни искуства, тие можат да остават вечна трага врз вашето битие. Всушност, најдобриот начин да бидете среќни е да се откажете од постојаната желба да поседувате нови работи како и да ги поседувате производите на најпознатите брендови. Наместо тоа, обидете се да ги трошите своите пари за стекнување спомени и искуства.

Што ако вложите во спомените и искуствата?

Животот се состои од спомени. Затоа, како што стареете важно е да акумулирате убави искуства и спомени на кои подоцна ќе им се навраќате. Запомнете дека во одреден момент во животот нема да ви биде повеќе извор на „среќа“ безумната потрага по материјални работи на која сте се препуштиле цел живот.

Дали среќата зависи од материјалните работи?

Разноразни истражувања покажале дека луѓето се свесни за вредноста на искуствата и спомените, но стилот на живеење кој е наметнат од денешното материјалистичко и консумеристичко општество ги „тера“ да купуваат работи за кои бргу потоа го губат интересот. Според д-р Томас Гилович, професор по психологија на Универзитетот Корнел, кој ја истражувал врската помеѓу парите и среќата,

„Ние купуваме работи за да бидеме среќни и успешни. Но, тоа трае кратко. Новите работи ни се возбудливи на почетокот, но потоа брзо се прилагодуваме на нив.“

Гилович, притоа, истакнал нешто многу значајно.

„Не велам дека никогаш не треба да се наградите себеси за напорните недели на работа со нова облека, но вашите поголеми инвестиции треба да бидат насочени кон искуства што создаваат доживотни спомени, а не кон предмет што ќе го изгуби својот „кул“ фактор во рок од неколку години.“

Имајте на ум дека вашата среќа нема да се зголеми благодарение на скапите работи што ги поседувате. Ќе се зголеми кога ќе ги истражувате подобро работите околу вас. Искуствата вредат повеќе од предметите затоа што го менуваат начинот на кој размислувате, на кој го гледате светот и го живеете својот живот.

Откако прочитавте зошто искуствата се поважни од материјалните работи, можеби ќе сакате да прочитате и за 9-те искуства за кои никогаш не сте престари.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар