Астролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!

Астролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!

Астролозите ни откриваат дека од 30 октомври до 12 јануари 2023 година ќе се одвива ретроградната фаза на Марс во Близнаци. Како ќе влијае неговата енергија врз нашите животи? Како ќе функционираме? Каде ќе ја насочиме нашата енергија? Кои ќе бидат нашите следни чекори?

Астролозите предупредуваат: Обидете се да ги избегнувате овие работи сè до 12 јануари 2023 година!

Во периодот што следува добро е малку да се забави, да се преиспита, промени или поправи она што не функционира. Затоа, не влегувајте во конфликти и расправии кои не водат никаде. Доколку плановите и желбите не се остварат бидете трпеливи и почекајте работите да дојдат на свое место.

Со ретроградниот Марс во знак со кој владее Меркур, можеме да очекуваме некои нејаснотии, тешкотии или доцнења во комуникацијата и движењето. Можно е зборовите да предизвикаат голем гнев.

Проблеми со интернетот, социјалните мрежи, тешкотиите со сопственото возило или проблеми во односите со соседите и блиските роднини е нешто што ќе нè следи во наредните месеци.

Што да се прави во наредните месеци?

  • Обидете се да поминувате помалку време пред телефон и телевизија. Слободното време искористете го за прошетка и рекреација.
  • Грижете се за вашите клучеви и лични документи.
  • Бидете повнимателни во сообраќајот и движењето.
  • Проверете ја исправноста на личното возило.
  • Заштитете го вашиот компјутер од вируси. Не купувајте нов мобилен телефон, автомобил или компјутер.
  • Анализирајте ги вашите мисли и обидете се да ги запишете на хартија. Можно е да го видите проблемот од нов агол.
  • Размислете за тоа дали нечии зборови и постапки се усогласуваат бидејќи празните ветувања можат да разочараат.
  • Обидете се да бидете поупорни во намерата да го завршите она што сте го започнале.
  • Забавете, размислете, подобро планирајте, не носете одлуки ако не сте подготвени за тоа…
  • Учете, читајте и одморете се кога ќе се чувствувате исцрпени.
  • Размислете пред да кажете нешто за да повредите некого.
  • Внимавајте на рацете, рамената и дишните патишта.

Колку и да ви се чини понекогаш дека сте во непријатна положба или дека работите се одвиваат бавно или воопшто не се одвиваат, можеби доаѓа нешто уште подобро од она што сте го замислиле. Затоа, не губете ја вербата дека работите кога-тогаш ќе се подобрат.

Откако прочитавте за овие астролошки предупредувања, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 3-те најсреќни хороскопски знаци оваа зима.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар