Тест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!

Тест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!

Погледнете ја внимателно оваа слика и одберете го пердувот што најмногу ви се допаѓа. Дозволете вашата интуиција да ве води. Пердувот што ќе го изберете ќе ви даде ангелска порака која ќе ви биде ѕвезда-водилка оваа есен…

Тест: Изберете пердув за да добиете порака од вашиот ангел за оваа есен!

  • Пердув бр. 1

    Ова е знакот што долго време го чекавте. Ако го избравте пердувот број 1 знајте дека вашиот најубав сон наскоро ќе се оствари. Не плашете се да размислувате за вашите цели. Само опуштете се и сонувајте бидејќи ви се нуди нов живот и шанса да се промените. Со други зборови, пред вас е нов живот, полн со светлина и љубов. Вашиот ангел е секогаш со вас и ви ја покажува светлината напред.

  • Пердув бр. 2

    Имајте на ум дека понекогаш вреди да се забави. Во моментов се случува огромна енергетска промена и затоа најдобро би било да не избрзувате со работите. Освен тоа, не можете ни да замислите каков среќен настан ќе ви се случи наскоро. Ќе има многу среќа, насмевки и љубов! Доволно е да верувате дека го имате она што е потребно за да ја постигнете вашата задача. Размислете што можете да правите овде и сега без да гледате премногу напред. Вие сте способни за тоа. Бидете трпеливи.

  • Пердув бр. 3

    Ангелите ви го испратија овој пердув затоа што сакаат да ве поттикнат да размислувате за нови идеи. Погледнете ги новите можности и обидете се да го реализирате она за кое сонувавте. Освен тоа, не можете ни да замислите колку активно работи сега вашиот ангел чувар, заблагодарете му се и почекајте да се случат чуда. Не заборавајте да дејствувате без одлагање секогаш кога ќе почувствувате внатрешен импулс.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува оваа зима.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар