Во Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град!

Во Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град!

Најголемиот одржлив град во Африка без автомобили и отпад, вреден повеќе од 20 милијарди евра, треба да почне да се гради до 2025 година на југот на континентот. Градот со 150.000 жители, наречен The Parks, треба да биде целосно самоодржлив, односно да ја произведува целата своја енергија, вода и храна.

Во Африка ќе се гради ултрамодерен зелен град!

Инвеститорот URB изјави дека The Parks ќе им обезбеди на жителите највисок светски стандард за одржливо живеење на површина од 17 квадратни километри во источниот регион на Јужноафриканската република каде ќе можат да се сместат 40 илјади домови во 12 станбени квартови.

Овде повеќето работни места се очекува да бидат поврзани со зелената технологија. За сè да биде на највисоко ниво, при планирањето, изградбата и функционирањето на градот ќе се отворат 40.000 работни места.

„Пејзажот е дизајниран со цел да поттикне на социјална одржливост и активен животен стил. Некои од овие карактеристики вклучуваат фитнес, спортски терени на отворено, патеки за џогирање и велосипедизам, јавен уметнички простор и концерти на отворено“, рече извршниот директор на URB, Baharash Bagherian, кој досега дизајнирал неколку одржливи градови, вклучувајќи ги Xzero, AlNama и Nexgen.

Со повеќе од 32 километри патеки за џогирање, велосипедизам и јавање, градот ќе ги обезбеди и најбезбедните начини на активен транспорт. Опкружен со природен резерват, еколошко одморалиште со пет ѕвезди и еко-колиби, овој град би можел да стане и привлечно место за туристите.

Откако прочитавте за најновите урбанистички достигнувања во Африка, можеби ќе сакате да прочитате и за изградбата на скијачки центар во пустина.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар