Смуди со кафе и ванила – совршено за комбинација со вашите омилени тортички

Заблажете си ја душата

Потребни состојки:
  • 120 милилитри млеко од соја со вкус на ванила
  • 120 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
  • 2 пакетчиња засладувач без калории
  • 1/4 кафена лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 кафена лажичка цимет во прав
  • 10-тина ледени коцки
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и матете на висока брзина додека не добиете мазна површина.

Во комбинација со ова освежително летно смуди, ви ги препорачуваме овие снежни мини ванила тортички кои ќе ве разладат и заблажат.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар