Рецепт: Како да направите желе со кафе?

Сигурно кога сте биле деца сте обожавале желе бонбони, а сега кога сте возрасни и денот не можете да го замислите без кафе, сигурно ќе сакате да го пробате и ова желе со кафе.

Погледнете како можете да го подготвите и кои состојки ви се потребни.

Рецепт: Како да направите желе со кафе?

Потребни состојки:

  • 900 милилитри топло кафе
  • 2 лажици шеќер или по вкус
  • 3 лажици желатин
  • 300 милилитри кондензирано млеко
  • 250 милилитри млеко

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте го топлото кафе, желатинот и шеќерот.
  2. Добиената смеса истурете ја во тава (8х8) и оставете да отстои 4 до 6 часа.
  3. Потоа насечете на коцки и ставете во чаши за кафе.
  4. Во друг сад измешајте го млекото и кондензираното млеко, а добиената течност ставете ја во мал бокал.
  5. Во чашите со желе додадете од млечната течност и сервирајте.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар