Имате кафемат со капсули? Пробајте го овој одличен рецепт за црно-бело еспресо!

Вашиот нов омилен вкус!

Потребни состојки:
  • 1 супена лажица ситно исечкано темно чоколадо
  • 1 супена лажица млеко
  • 1/4 кафена лажичка ванила
  • 120 милилитри млеко
  • 1 еспресо капсула
  • Какао во прав, за декорација
  • Црно-бели колачиња, за десерт (по желба)
Начин на подготовка:

Ставете ги чоколадото, млекото и ванилата во мал сад поставен на млака рингла. Мешајте континуирано додека не добиете стопена и хомогена смеса. Префрлете во шолја за послужување, додајте го млекото и изматете со цел да добиете пена.

Ставете ја капсулата во кафематот и подгответе го еспресото на вообичаениот начин, но во шолјата со чоколадната смеса. За крај, просејте какао во прав само од едната страна, за да добиете црно-бела комбинација и послужете со колачињата од страна. Измешајте добро пред да пиете.

Немате кафемат? Нема проблем! Дознајте како да подготвите еспресо во мока-ѓезве!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар