Младиот врколак (Тeen Wolf)
ТВ серија за животот на еден средношколец кој се менува преку ноќ
Главни улоги: Тајлер Пози, Кристал Рид, Дилан Обрајан, Холанд Роден
Жанр: драма, хорор, комедија, акција, романса
Премиера: 5 јуни 2011
Број на сезони: 1
Статус: во тек
Времетраење: 41 минута
Наша оценка: 7
Ваша оценка:
—————————————————————————————————————————————————
Се сеќавате на „Дали се плашите од теминината?“ Тоа е хит-тинејџерската серија која го воведете хоророт како жанр за младата популација, серија која може да се гледа и преку ден. Од тогаш до денес, овој жанр многу еволуираше, но сепак, задржа нешто што ги прави ваквите ТВ серии интересни за гледање – млада, привлечна актерска екипа, лесни приказни, благо застрашување и многу сцени крај училишните шкафчиња. Младиот врколак е нова серија, направена како адаптација на истиоимениот филм од ’85, која внесува нова свежина во телевизиските продукти од овој тип. Ако ги изгледавте сите епизоди од „Вампирски дневници“, „Декстер“, „Убави, мали лажливки“… и ви треба нова возбуда за пополнување на слободното време ова лето, „Младиот врколак“ би бил одличен избор.
—————————————————————————————————————————————————
Но, сè се менува една ноќ, кога Стајлс исчезнува во шумата, а Скот ќе биде нападнат од врколак. Иако на почеток тој е збунет и целосно обземен од она што му се случило, сепак истовремено тој мора да научи да ги контролира своите нагони, но сосема лесно му оди и искористувањето на благодетите од она што значи да се биде врколак. 
Секако, во приказната доаѓа новата ученичка Алисон, која „паѓа“ на самодовербата и шармот кој го карактериизраат тазе-созададениот волк-човек. 




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


(91 гласа, просек: 9,15 од 10)



























