Декстер (Dexter)

ТВ серија за убиствата, правдата и семејството

Декстер (Dexter)

Главни ликови: Мајкл С. Хол, Џенифер Карпентер,  Лорен Велез, Дејвид Зајас, Џули Бенз

Креатор: Џејмс Манос Џуниор

Жанр: криминал, драма, мистерија, трилер

Времетраење: 55 мин.

Датум на прво прикажување: 1 октомври 2006

Јазик: англиски и шпански

Број на сезони: 4 (x 12 епизоди)

Следна епизода: 26 септември 2010

Веб-сајт: http://www.sho.com/site/dexter

Наша оценка: 10/10

_________________________________________________________________________________ Што се наоѓа помеѓу убивањето и казните? Освен со мерките на полицијата и законите, постои ли друг начин престапниците да си го добијат своето? Декстер се грижи тоа да биде така. Без разлика зошто и како го прави тоа, тој го одржува балансот помеѓу доброто и злото, помеѓу правдата и криминалот, а и самиот е некаде помеѓу. Кон која страна натегнува повеќе, одлучете сами. _________________________________________________________________________________

Приказна: Декстер Морган е форензичар во полициската станица во Мајами каде работи како експерт за анализа на шаблони во распрскување на крв. Извршувајќи ги своите дневни обврски кон работата и посветувајќи им го секогаш потребното внимание на своите најблиски, навечер сепак наоѓа време да живее сосема поинаков живот – живот на сериски убиец.

Декстер (Dexter)

Но, Декстер Морган не е таков убиец кој ќе го мразите и презирате. Напротив, тој може да стане ваш херој. Тој ги следи оние кои го прекршиле законот и некому нанеле зло, но некако успеале да и избегаат на затворската казна. Тој работи според однапред утврден ред и правила. Не остава ништо на случајноста. Ладнокрвен е и искрен кон себеси, свесен е дека е монструм, но сепак игра итро за да не биде фатен.

(2) Декстер (Dexter)

Секоја сезона е посебно заокружување, но токму кога ќе помислите дека веќе нема што да се случи, приказната добива нов тек, уште подобар и понеочекуван од претходниот.

Серијата Декстер се базира на две новели од Џеф Линдзи „Нежно посветениот Декстер“ и „Мрачните соништа на Декстер“.

(3) Декстер (Dexter)

Интересни податоци: Играјќи ги братот и сестрата во серијата, Мајкл С. Хол (Декстер) и Џенифер Карпентер (Дебра Морган) се земаа на 31ви декември 2008 година.
.

Дебра: „Зошто никогаш не правиме муабет како брат и сестра?“
Декстер: „Нашиот татко беше полицаец, ти си полицаец, јас работам за полицајците… за нас, ова е муабет за брат и сестра.“

Името на главниот лик Декстер е во релација со значењето на зборот dexterity (вештина, спретност). Овој збор се дефинира како ментална способност или брзина, подготвеност и грациозност во физичка активност, особено вештина и леснотија за користење на рацете.

(4) Декстер (Dexter)

Кога и како да ја гледате? Веројатно ако се одлучите за ваква серија, вашето срце може да ја издржи возбудата и исчекувањето кои со неа доаѓаат. Според тоа, за вас е сеедно кога ќе ја гледате, но најдобро правете го тоа кога сте сами и во темница. Така, нивото на адреналинот во вашиот организам ќе се покачува и ќе си дозволите вистинско доживување на неочекуваното.
.

Живеев во темнина долго време. Со годините моите очи се прилагодија додека темнината не стана мојот свет и можев да гледам.

Слични серии: „Закон и ред“, „Моќ“, „Менталист“, „Бројки“

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Билјана Reply

    Најдобрата серија што излегла последниве години. Уметност од серија, феномелано склопена, феноменална екипа, одлично сценарио….Оригинална серија и неповторлива! Поздрав за текстот!

  2. Krste Reply

    edna od omilenite serii koi gi sledam na net nesto sto me fascinira znaci taa ladnost koja ja poseduva kako se spravuva so problemite… !!!! isto taka pozdrav za odlicnoto info

  3. r Reply

    ekstra e serijata…i ima 5 sezoni..dosega! a ne 4.

  4. m Reply

    Edvaj ja cekam 6 sezona.Inace neverojatna serija,definitivno najdobrata vo momentov,brilijantna ekipa pred se Michael C.Hall koj na izvonreden nacin ni go prikaza likot na Dexter.

Остави коментар