Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

ТВ серија за средношколци и вампири, за љубовта и одмаздата

Вампирски дневници (The Vampire Diaries)

Главни ликови: Нина Добрев, Пол Веслеј, Ијан Сомерхалдер, Стивен Р. Мекквин, Катерина Грахам, Кендис Акола

Режисер: Маркос Сиега

Автори: Кевин Вилијамсон, Џули Плик

Жанр: драма, фантазија, хорор, романса

Времетраење: 40-42 мин.

Премиера: 10 септември 2009

Јазик: англиски

Број на сезони: 1 (22 епизоди)

Следна епизода: 9 септември 2010

Веб-сајт: http://www.cwtv.com/shows/the-vampire-diaries

Наша оценка: 8/10
__________________________________________________________________________________
Вампирски дневници“ е серија која треба задолжително да ја гледате доколку сте фанови на сите продолженија на „Самрак“. Дури и да не е така, доколку сте љубители на тинејџерски ТВ серии и/или на ТВ серии со вампири, крвопролевање и заплеткани игри, тогаш треба добро да се загреете со првата сезона, бидејќи втората само што не започнала.
_________________________________________________________________________________

Приказна: Двајцата сосема различни браќа, Дејмон и Стефан Салваторе, се враќаат во гратчето Мистик Фолс, во Вирџинија, каде пред повеќе од едно столетие останале осудени на вечна младост, преобразувајќи се во вампири. Цената на ваквата вечност е висока, а тие одлучуваат да живеат и да се хранат различно за да опстанат и притоа да не бидат фатени.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Доаѓаат во градот од иста причина, но поради различна личност – едниот трага по Кетрин, љубовта од минатото за која верува дека е заробена во локалната гробница, а другиот се заљубува во нејзината човечка репликација, отелотворена во ликот на Елена Гилберт. Едниот дрзок и безобѕирен, другиот скромен и човечен, сепак тие наоѓаат начини да живеат заеднички живот. Дали се тие единствените вампири во Мистик Фолс? Дали секој од нив ќе ја постигне целта по која трагал? Дали љубовта помеѓу вампир и човечко битие може да опстои? „Читајте“ ги вампирските дневници за да дознаете.

Интересни податоци: Во оваа серија ќе научите дека вампирите јадат лук, пијат света вода, распнувањето нема ефект врз нив и имаат рефлексија во огледало.

Нина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Џереми), додека во серијата е 2 години постара.

Пилот епизодата за Вампирски дневници е снимена во Ванкувер, каде е снимено и второто продолжение на „Самрак„, „Нова месечина“.Вампирски дневници (The Vampire Diaries)Кога и како да ја гледате: Доколку сте романтичари и решивте да ја гледате серијата поради љубовта која во неа дефинитивно ги поместува границите, тогаш каучот во дневната соба кога нема никој дома е идеалната атмосфера за вас. Ако пак повеќе ве фасцинираат тврдокорните елементи во серијата, може да размислите да поканите и друштво за гледање.

.

Слични серии: „Вистинска крв“, „Месечина“, „Натприродни“, „Бафи, убиец на вампири“, „Порти“
.

„Животот е без врска на секој начин Џереми. Барем кога си вампир, можеш да не се чувствуваш лошо поради тоа ако не сакаш.“

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Dragana Reply

    Najdobra serija…gi gledav prvite 2 sezoni edvaj cekam da iskocat i drugite :)))

  2. Power Reply

    ^devojce do sega e izlezena samo edna sezona a moemntalno se prikazuva 2 sezona ne mi e jasno kako si ja gledala 2 sezona -.-

  3. sandra Reply

    vsusnost 1 sezona e celosno iskocena a 2rata e sega do pola. ke ima uste minimum 2 sezoni bidejki serijata e bazirana na poveke knigi od L.Dz. Smit

  4. ТВД Reply

    Нина Добрев (Елена Гилберт) е 6 месеци помлада од Стивен Р. Мекквин (Стефан), додека во серијата е 2 години постарa. Имате грешка треба да биде Џереми , а не Стефан.

    И е потврдено дека ќе има 3та сезона. Серијата кој не ја има гледано ,треба да почне да ја гледа.

    • Кафе пауза Reply

      Да, лапсуз :) Фала.

  5. :) Reply

    A kade mozham da ja gledam?

  6. ::* :* Reply

    Ufff ovoj film ne na e prekrasen…. I knigata e super a naj interesnot e sto tie se razlikuvaat imaat zaednicko no sepak se razlicni

  7. xD Reply

    Ako moze nekoj da kaze na koja programa ke ja ima?!?
    Fala…

  8. Тина Reply

    Не сум ја гледала а дали може да знам дали ќе се емитува на некоја македонска телевизија?

  9. Tijance Reply

    прекрасна серија ! Дејмон и Елена ми се срцки <3 :))

Остави коментар