Филм: Сега или никогаш (Second Act)

Жена без факултетска диплома си го менува животот и му покажува на светот колку е важна уличната интелигенција

Режија: Питер Сегал

Улоги: Џенифер Лопез, Ванеса Хаџинс, Мајло Вентимиглија

Времетраење: 103 минути

Премиера: 21 декември 2018

Јазик: англиски

Жанр: комедија, романса

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 4.00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за комедија за професионалниот свет, каде што Џенифер Лопез ја има главната улога – Маја. Таа е 40-годишна жена која е прескокната за унапредување поради младо момче со магистерска во областа на бизнисот. Со оглед на тоа што Маја има само општо образование, за неа напредокот во кариерата едноставно веќе не е опција. За среќа, нејзината пријателка од работа има дете-гениј, кое ќе ѝ фалсификува резиме и ќе ѝ направи профил на Фејсубк, претставувајќи ја како амбициозната жена што не дозволува никој и ништо да ја запре – жената што таа си ветила дека никогаш нема да стане. Токму ова и ќе ѝ помогне да добие добра работа, за прв пат во нејзиниот живот.

Овој филм без сомнение не е нешто што е досега невидено, ниту пак ни нуди приказна со многу неочекувани пресврти. Комедијата следи типично стереотипно сценарио, па точно ќе знаете како ќе заврши уште во првите неколку минути од филмот. Сепак, тоа што го прави овој филм интересен за гледање е неверојатниот избор на ѕвезди – од самата Џенифер Лопез до Ванеса Хаџинс и Мајло Вентимиглија – вие едноставно ќе уживате во нивните неверојатни актерски способности и пред да трепнете, ќе стигнете го крајот – добро расположение и весели. Зарем тоа не е сè што ни е потребно од еден филм?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар