Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

Тајна владина организација ги регрутира најозлогласените негативци за да ги елиминираат натприродните закани во замена за намалување на затворската казна

(1) film-odredot-na-otpishanite-suicide-squad-kafepauza.mkРежија: Дејвид Ајерс

Улоги: Вил Смит, Виола Дејвис, Маргот Роби, Џаред Лето, Кара Делевин

Времетраење: 130 минути

Премиера: 4 август 2016

Jазик: англиски

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (32 гласа, просек: 8.38 од 10)
Loading...

„Одредот на отпишаните“ започнува онаму каде што „Бетмен против Супермен“ заврши – светот сѐ уште има потреба од добра одбранбена единица која ќе застане во првите борбени фронтови во битката против сите натприродни сили односно мета-луѓето.

За таа цел владиниот агент, а воедно и најсуровиот и најнемилосрдниот лик во филмот – Аманда Валер, (Виола Дејвис) верува дека има дарба да ги натера луѓето да работат спротивно на нивните интереси и предлага наместо добри војници, да се регрутираат „најлошите од најлошите“.

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

За својот проект таа ги избира најдобриот платен убиец во DC универзумот – Дедшот (Вил Смит), девојката на Џокер – Харли Квин (Маргот Роби), монструозниот убиец крокодил (Адевејл Акиноје-Агбаџе), пиро-кинетичарот Ел Диабло (Џеј Хернандез), австралискиот крадец Капетан Бумеранг (Џаи Кортни), најдобриот искачувач со јаже – Слипнот (Адам Бич) и Маѓесницата, чии способности излегуваат надвор од границите на (не)возможното (Кара Делевин).

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

За да ги држи под контрола, Валер им става мали експлозивни направи во нивните вратови кои ќе се детонираат доколку одбијат послушност или се обидат да избегаат. За дополнителна помош, во бандата на убијци и психопати го вклучува и почитуваниот војник Рик Флег (Џоел Кинаман) и неговата десна рака – Катана (Карен Фукухара).

Со фантастична актерска екипа и уште подобра музика, „Одредот на отпишаните“ е филм кој го брка нихилистичкиот стил на „Дедпул“ и безредниот каприц на „Чувари на галаксијата“ и своето брзо темпо го оправдува со интересните дијалози, хуморот, костимографијата и истражувањето на метачовечката психологија.

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

Кулминацијата настапува кога Маѓесницата решава да ги преземе работите во свои раце и одлучува да направи машина со која ќе го донесе крајот на светот. Нејзиното алтер его, археологот д-р Џун Мун (Кара Делевин) е една исплашена девојка која е свесна за злото кое го носи во себе и бара помош од човекот кој безусловно го сака – Рик Флег.

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

Како поларна спротивност на нивната љубовна приказна, тука е лудата љубов помеѓу поранешниот психијатар во лудницата „Аркам“ – д-р Харлин Квинзел (Маргот Роби), подоцна позната како Харли Квин и најголемиот антагонист во Бетменовите приказни – Џокер (Џаред Лето), која и покрај сѐ останува цврста и необорлива.

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

Сценариото не дава голем простор за изградба на карактерната длабочина на ликовите што веројатно се должи на прескокнувањето на неколку клучни драмски етапи и неистакнатата турбуленција на финалните мигови, но затоа неодоливата харизма, шарм и досетливост на секој лик поединечно ќе ве натера да ја засакате нивната психопатска и криминална природа и да навивате за нивната победа.

Филм: Одредот на отпишаните (Suicide Squad)

Со прикажувањето на животниот пат на секој негативец, „Одредот на отпишаните“ ќе ве натера да се запрашате дали правилниот избор, моралот, човечката ултимативна добрина, милост и одлучност се должат на разликата помеѓу антагонизмот и протагонизмот, помеѓу злото и херојството, или можеби на нивната огромна и на крајот неизбежна сличност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар