ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

Кога мало момче ќе исчезне, неговата мајка, шефот на полиција и неговите пријатели мора да се соочат со застрашувачки сили за да го вратат назад

ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)Главни улоги: Винона Рајдер, Дејвид Харбур, Фин Волфхард

Жанр: драма, хорор, мистерија

Креатори: Мат Дафер и Рос Дафер

Премиера: 15 јули 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 55 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 18 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 1018 votes, average: 9.94 out of 10 (18 гласа, просек: 9.94 од 10, гласано)

Loading...

Оваа ТВ серија започнува како епизода од „Досиеја икс“, каде што можеме да видиме еден научник кој се обидува да избега од слабо осветлен, тивок и морничав подземен бункер, кога одеднаш е нападнат од мистериозно суштество. Но, наместо следната сцена да се префрли на Молдер и Скали, кои индиректно флертуваат на криминалната сцена, приказната нè носи во куќата на едно семејство од 80-тите, каде што неколку млади момчиња во подрум играат „Dungeons & Dragons“.

(1) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

Од таму, еден од нивните пријатели исчезнува, по што градот влегува во згушена паника и почнуваат да се случуваат чудни нешта. И да, за самите жители, сè ова е навистина чудно: необјасниви исчезнувања, светла кои трепкаат во комуникација, мистериозна црна област на ЦИА… Но, за гледачите, сите овие нешта се познати, ако не и малку предвидливи. Не велиме дека големите настани се лошо составени, туку дека целиот тим кој работел на оваа ТВ серија очигледно има страст за минатото и желба да го рекреираат на малку поинаков и посвеж начин.

(3) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

Имајќи го сè ова на ум, крајниот резултат, вклучувајќи ги сите 8 епизоди, е и повеќе од одличен. Децата, по исчезнувањето на својот пријател, ќе тргнат во потрага по него, но по пат ќе сретнат мало девојче, кое едвај говори и има необични моќи. Нивната динамика ќе ве потсетува на вонземјанчето Е.Т. со неговите пријателчиња од Земјата, со единствена разлика што таа не доаѓа од друга планета. Можеме слободно да кажеме дека таа е центарот на приказната, бидејќи сите настани се вртат околу нејзините способности, како и нејзиниот живот.

(4) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

Иако главните улоги им припаѓаат на децата, сепак оваа приказна е интересна и за малите и за возрасните. Тие различно ќе ја доживеат, секако, но без сомнение сите ќе бидат задоволни од тоа што го гледале. Па, ако имате малку слободно време овој викенд, ви препорачуваме да ѝ дадете шанса на оваа мини ТВ серија, која ќе ве одведе во 80-тите, а потоа и во еден превртен свет, и ќе ја разгори вашата фантазија. Зарем има подобар начин барем на момент да избегате од секојдневните проблеми?

(2) ТВ серија: Почудни нешта (Stranger Things)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар