Филм: Докторот (The Physician)

Авантура со ориентален шарм

Филм: Докторот (The Physician)Режија: Филип Штелцл

Улоги: Том Пејн, Ема Ригби, Бен Кингсли, Стелан Скарсгорд

Времетраење: 150 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 декември 2013

Жанр: авантура

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (19 гласа, просек: 9.32 од 10)
Loading...

„Докторот“ е сниман според роман од жанрот авантура и како и секоја таква добра книга доследно го доловува сето она што може да се најде во неа. Доста лесен е за гледање, возбудлив, без многу напнати сцени, така што екранизацијата на германскиот режисер Филип Штелцл претставува добар избор за моментите кога сакате да се опуштите со филм и да не се заморувате премногу.

Филм: Докторот (The Physician)

Главен лик е млад човек кој сака да стане лекар во време кога црквата ги лови сите оние кои се дрзнуваат да му се спротивстават на Бог поради науката. Тој млад човек, Роб Кол, уште како мал останува без својата мајка која умира поради болест, а кога ќе порасне почнува да се интересира за причините поради кои луѓето умираат. Сака да научи сѐ за медицината, но не може да најде начин да напредува на ова поле во Англија. Неговите фрустрации се претвораат во надеж кога дознава за Ибн Сина, на запад попознат како Авицена, славен персиски лекар кај кого може да ги научи вештините што го интересираат.

(3) Film-Doktorot-Film-The-Physician-www.kafepauza.mk

Покрај огромниот пат до Персија што треба да го изоди, единствен проблем за да стигне до таму е тоа што е христијанин. Сепак, поради тоа што во тоа време Арапите биле толерантни само кон Евреите, тој лажно ќе се претстави само за да стигне до неговите предавања. Восхитува неговата желба за знаење поради која тргнува на пат кон место кое за него може да се покаже сурово, а која е извонредно прикажана преку глумата на главниот актер Том Пејн.

Филм: Докторот (The Physician)

„Докторот“ е филм чии кадри бргу ќе ве пренесат во еден друг свет. Тој изобилува со сцени од прекрасната англиска природа, па сѐ до мистичните предели на Блискиот Исток. Приказната добро се развива, дејството никогаш не останува предолго на едно место. Напротив, тоа токму навреме се движи кон она што следува. Во него, се разбира, во една од главните улоги има и убава жена која му значи нешто на главниот лик. Кога сето ова ќе се собере, јасно е зошто филмот никогаш не станува здодевен. За ваква добра авантура, која во себе содржи доза ориентален шарм, два и пол часа не се многу.

Филм: Докторот (The Physician)Филм: Докторот (The Physician)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар