Филм: Нонстоп (Non-Stop)

Филм: Нонстоп (Non-Stop)

На 12.000 метри височина никој не е безбеден…

Филм: Нонстоп (Non-Stop)Режија: Жаума Колет-Сера

Улоги: Лиам Нисон, Џулиен Мур, Мишел Докери

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 28 февруари 2014

Жанр: акција, мистерија, трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (23 гласа, просек: 8,78 од 10)
Loading...

Можеби би помислиле дека филм во кој целото дејствие се случува во само еден авион може да биде малку монотон и досаден. Но, Нонстоп е нешто сосема спротивно. Станува збор за 106 минути исполнети со многу акција, мистерија и динамика кои ќе ви го држат вниманието во текот на целиот филм. И најинтересно од сѐ е што нема да знаете што точно се случува до самиот крај. Токму таа неизвесност е она што го прави овој филм одличен.

Филм: Нонстоп (Non-Stop)Филм: Нонстоп (Non-Stop)

Бил Маркс (Лиам Нисон) е воздухопловен маршал кој мрази летање. На прв поглед неговиот живот изгледа како да се распаѓа. Тој е разведен, има проблеми со алкохолот и делува како депресијата да му ја земала контролата од неговите раце. Но, како и секогаш работите не се баш онака како што изгледаат.

Филм: Нонстоп (Non-Stop) Филм: Нонстоп (Non-Stop)

Летот изгледа како и секој друг, сѐ додека Бил не добие необична порака на мобилниот. „Дали си подготвен за својата должност маршале?“ На прашањето кој е таму, маршалот добива уште една порака која вели „Еден од твоите патници“. По краток разговор соговорникот му вели да намести аларм за 20 минути, бидејќи доколку за тоа време не му бидат префрлени 150 милиони долари на неговата сметка, тој ќе убие еден патник. И потоа за 20 минути истото ќе се случи повторно. И тоа ќе се повторува сѐ додека не ги добие парите.

Филм: Нонстоп (Non-Stop) Филм: Нонстоп (Non-Stop)

За да биде уште поинтересно, работите многу брзо ќе тргнат наопаку и поради својата репутација, главниот осомничен ќе стане Бил, токму оној кој е пратен да го заштитува летот. Дали тој навистина е виновен за целата оваа ситуација? Или пак, станува збор за нешто сосема друго? Дали некој од патниците си игра со умот на маршалот и се обидува да го намести или пак, работите ги води некој кој воопшто не се ни наоѓа во авионот? Овие неколку прашања постојано ќе ви се вртат во глава и верувајте текот по кој се движи приказната е толку непредвидлив што истовремено ќе се сомневате и во сите и во никого. А на крајот, ќе се случи токму она за кое што ниту еднаш нема да помислите дека би можело да се случи.

Филм: Нонстоп (Non-Stop) Филм: Нонстоп (Non-Stop)

Нонстоп е филм кој навистина вреди да се погледне. Доколку сте љубители на филмовите кои ве држат постојано на работ од столот и кои изобилуваат со мистериозни и неочекувани пресврти, тогаш со сигурност ќе го обожавате овој филм. Лиам Нисон како и секогаш одлично ја изигрува својата улога и со својот перформанс ќе направи да се почувствувате како и вие да сте патник во овој лет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар