Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

Lake District, планинска област на северозападот на Англија и најголемиот национален парк во земјата, е рај за љубителите на природата кои можат да пешачат со часови и часови истражувајќи ги многубројните патеки со поглед кон магичниот пејзаж.

Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот

Пред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.

Овде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.

Селото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.

Поетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.

Во 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.

Ова место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.

Откако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за планинското село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар