Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Ширакава е традиционално село сместено на јапонските Алпи кое е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат куќите со нивната специфична архитектура. Скриено меѓу високите планини и густите шуми во централна Јапонија, освен по прекрасната природа, селото се карактеризира и со традиционални куќи. Ги нарекуваат gassho-zukuri и за нив се карактеристични сламените покриви кои наликуваат на раце склопени во молитва.

Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Куќите создаваат романтична атмосфера во зима кога се покриени со снег, но исто така и во пролет кога цутат црешовите дрвја.

Во раните 1990-ти, ова бајковито село кое е сместено во префектурата Гифу било вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што довело до зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители годишно броела околу 2,15 милиони туристи од целиот свет.

Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Меѓутоа, во 2019 година, властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на холандската листа на најодржливи дестинации во светот.

Освен што живеат во хармонија со природата и избегнуваат масовен туризам, овдешните жители строго се придржуваат до мерките за заштита од пожар. Меѓу другото, овде е забрането пушењето со цел да се спречат пожари. Од почетокот на 2021 година, општинските власти, вклучително и префектурата на Гифу, преземаат строги мерки за заштита на локалното население и од пандемијата, па на туристите им се препорачува да се запознаат со забраните и правилата пред да го посетат селото.

Откако прочитавте за ова преубаво јапонско село, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар