Филм: Боемска рапсодија (Bohemian Rhapsody)

Поглед кон годините што водат до легендарниот перформанс на Queen на концертот „Live Aid“ во 1985 година

Режија: Брајан Сингер

Улоги: Рами Малек, Луси Бојнтон, Гвајлим Ли

Времетраење: 134 минути

Премиера: 1 ноември 2018

Јазик: англиски

Жанр: биографија, драма, музика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 101 vote, average: 9.00 out of 10 (1 гласа, просек: 9.00 од 10, гласано)

Loading...

 

Боемска рапсодија е славење на Queen, на нивната музика и на нивниот неверојатен водечки вокал, Фреди Меркјури. Фреди им пркосеше на сите стереотипи и ги разруши сите конвенционалности, притоа станувајќи една од најсаканите ѕвезди на планетата. Филмот го следи неверојатното издигнување на бендот преку нивните иконски песни и револуционерен звук. Тие постигнуваат неспоредлив успех, и тогаш се случува нешто сосема неочекувано – Фреди, опкружен со темно влијание, се откажува од својот бенд и тргнува во потрага по соло кариера.

Оваа одлука му носи многу страдање, и тој едноставно почна да пропаѓа без поддршката од Queen. Сепак, Фреди успева да се обедини со својот бенд токму навреме за „Live Aid“. Храбро борејќи се со дијагнозата за сида, Фреди му помогна на бендот да направи една од најдобрите перформанси во историјата на рок музиката. Queen го зацврстува своето неверојатно влијание што и до ден-денеска продолжува да инспирира аутсајдери, сонувачи и љубители на музиката. Сè ова е неверојатно доловено во новиот филм што мора да го погледнете.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар