Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

Често посегнуваме по пастата за заби кога ќе ни се појави некое мозолче, но според дерматолозите ваквиот начин на решавање на проблемите со кожата на лицето не е правилен.

Срушен е уште еден мит: Дали пастата за заби навистина ги уништува мозолчињата?

Може ли пастата за заби да ги „исуши“ мозолчињата?

Замислете: Ви излегува мозолче, вие ставете малку паста за заби на него пред спиење и утрината се будите со чиста кожа. Па, тоа е магично! Но, нереално. Според дерматолозите, пастите за заби обично се полни со состојки кои може да ја исушат кожата слично на алкохолот. Доколку имате и најмало знаење за кожата на вашето лице, тогаш сигурно сте запознати со фактот дека таа не е толерантна кон алкохолот како таков.

Зошто ставањето паста за заби на мозолчиња е лоша идеја?

Пастата за заби може силно да ја изиритира кожата на лицето. Повеќето од пастите содржат алкохол, ментол, сода бикарбона и водород пероксид – сите овие состојки ќе ги исушат вашите мозолчиња, но ќе ве доведат и до ризик од иритација на кожата. На тој начин, кожата произведува повеќе масти за да ги надомести загубените, а тоа доведува до затворање на порите, воспаленија и масна кожа.

Дури и ако ставите само малку паста на мозолчето, таа гнојна дамка може да се прошири на остатокот од кожата, да ја изиритира и потенцијално да предизвика уште повеќе акни. Плус, пастата за заби само го суши горниот слој од вашата кожа, без да ги уништи бактериите внатрешно. Од тие причини, таа е прилично лошо решение.

Како вашите мозолчиња брзо да исчезнат?

Ако имате проблем со воспалени мозолчиња, за жал, за нив нема брзо решение. Кремите со хидрокортизон може да ви помогнат при воспаление, но лековите препишани од доктор може целосно да го решат вашиот проблем. Најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог, да отидете на третмани за лице, но во никој случај не посегнувајте по пастата за заби со цел да ги отстраните мозолчињата и митесерите.

Можеби сакате да прочитате и за 3-те навики за време на празничните прослави што ја уништуваат кожата на лицето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар