Овие 3 навики за време на празничните прослави ја уништуваат кожата на лицето

Со оглед на тоа што сезоната на празници е во тек и ќе присуствувате на многу празнични забави, треба да размислите за последиците од ваквиот начин на живот. Колку и да ви е забавно, тоа може да има штетен ефект врз вашата кожа. Подолу прочитајте кои навики ѝ штетат на вашата кожа и како да ја намалите штетата.

Овие 3 навики за време на празничните прослави ја уништуваат кожата на лицето

Божиќни коктели

Сезоната на празници значи друштвени забави што неизбежно вклучуваат консумирање алкохол. Ненадејното зголемување на внесот на алкохол има негативен ефект врз целото тело вклучувајќи ја и вашата кожа.

Алкохолот е еден од најбрзите начини за дехидрирање на кожата. Toj нема хранлива вредност и само ги суши есенцијалните масла и хранливите материи од кожата, а доколку кожата не е хидрирана, станува сива и покажува знаци на стареење.

Исто така, преголемото внесување алкохол може драстично да ја намали количината на витамин А во организмот. Витаминот А е хранлива материја која го подобрува имунолошкиот систем и е неопходна за очите и за кожата.

Ако планирате да присуствувате на празнични прослави на кои ќе пиете многу алкохол, се препорачува да земете додатоци на бета-каротeн, така што нема да го лишите вашето тело од потребниот витамин А.

Шеќер

Алкохолните пијалaци често се полни со шеќер и имаат високо ниво на гликемиски индекс. Како резултат на тоа, кога пиете вино, пиво и коктели, доживувате нагло зголемување на нивото на инсулин во организмот.

Овој начин на внесување шеќер во организмот може да предизвика разни воспаленија на кожата и појава на акни.

Високото ниво на внесен шеќер значи повеќе лоши вести за оние кои што уживаат во новогодишните и божиќните коктели и десерти бидејќи шеќерот го забрзува процесот на стареење и предизвикува предвремена старост на кожата.

Недостаток на течности

По вечерното внесување алкохол, водата ви е потребна за да спречите дехидрирање на кожата. Поради тоа, пијте многу вода во текот на денот и по забавите.

Прочитајте и кои се најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар