Најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот

Најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот

Современиот начин на живот ни наметнува достигнувања – сите мораме да работиме, да имаме и да постигнеме сè, но едвај стигнуваме. Ова брзање ја прави површноста неизбежна, бидејќи никој нема време да се посвети на нешто. На овој начин сите ги уништуваме нашите нерви и здравје. Дознајте кои се најчестите последици врз здравјето од нашиот современ начин на живот.

Најчестите последици врз здравјето од современиот начин на живот

1. Нездрава исхрана

Можеби имате нормална тежина и совршена линија, но тоа воопшто не значи дека се храните здраво. На вашата линија влијае и генетиката, метаболизмот и хормоните, па тоа што сте слаби не значи дека ќе го зачувате здравјето. Доколку често јадете благо, пиете газирани пијалаци и консумирате нездрава храна со многу адитиви и шеќери, ризикувате во иднина да се соочите со висок холестерол, висок притисок, дијабетес и слично. Потребно е да јадете повеќе зеленчук, житарици и риба и да го исфрлите шеќерот од исхраната.

2. Премалку спиење, премногу излегување (и алкохол)

Кога се излегува за време на викенд, најчесто тоа трае до утринските часови и се пие многу алкохол во зачадени простории. Кога ќе ја поминете 30-тата година, ќе почнете да попуштате. Организмот си бара дисциплина – редовно време за спиење, 8-часовен сон, минување време на свеж воздух и опуштање. Ноќните излегувања предизвикуваат уморен изглед, бледило и подочници, а на кожата можат да се појават акни и митесери. Исто така, поради недостатокот од сон може да почнете и да се дебелеете. Ова не значи дека треба да се откажете од излегувањето, туку правете го умерено. Односно, излегувајте само кога можете добро да се одморите наредниот ден.

3. Постојан стрес

Одамна е потврдено дека стресот е корен на речиси сите болести на современиот човек. Денес многу почесто сме подложни на болести со срцето кои се последица од стресот. Навистина е тешко да го избегнете бидејќи секојдневно сте изложени на стрес на работа. Доколку имате и приватни и семејни проблеми, тогаш сте притиснати од сите страни и морате да најдете начин да се ослободите од негативноста. За оваа цел потребни ви се активности што ве опуштаат, како шетање во природа, дружба со саканите или некаков спорт.

4. Ризичен секс

Во сериозните врски партнерите често ги отфрлаат кондомите и не воведуваат друго средство за контрацепција. На овој начин ризикувате несакана бременост, а прекинувањето на бременоста не само што е трауматичен настан, туку е ризичен и за репродуктивното здравје. Доколку пак имате незаштитен секс со нов партнер или често ги менувате партнерите, го зголемувате ризикот од полово преносливи болести кои можат да ви го уништат животот.

5. Земање антибиотици

Честото земање антибиотици на своја рака може да ја наруши цревната флора, но и да предизвика толеранција на нивната употреба. На овој начин го ослабувате вашиот имунитет. Па затоа секогаш пред да земате антибиотици, или какви било лекови, консултирајте се со вашиот лекар. Исто така ослободете се од негативните навики што ви го уништуваат здравјето.

Погледнете и кои се најголемите проблеми во модерните љубовни врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар