10 знаци дека вие сте „црната овца“ во вашето семејство

Што значи семејството за вас? Дали е љубов и заедништво? Семејството би требало да претставува и обединетост и сила. Но, постојат некои семејства кои не ги исполнуваат овие „услови“. Правилата се едноставни – мора да имате слични погледи, верувања и цели, мора да припаѓате, во спротивно можете да бидете наречени чудни, или уште полошо – црната овца во семејството. Доколку се препознаете во следниве знаци, најверојатно вие сте таа личност во вашето семејство.

10 знаци дека вие сте „црната овца“ во вашето семејство

1. Како дете ве сметале за тврдоглави и тешки. Авторитетот никогаш не ви значел и никогаш не сте правеле нешто само затоа што другите го очекувале од вас. Вашето мислење било дека тоа што останатите членови од семејството се возрасни, не значи дека знаат најдобро.

2. Дали некогаш сте се почувствувале како да сте родени во погрешното семејство? Дали нештата никогаш не ви изгледале во ред кога сте биле мали? Можеби и во тинејџерските години постоеле некакви спорови помеѓу вас и остатокот од семејството. Потсвесно, можеби сте сонувале да си заминете и да го гледате семејството само кога е неопходно.

3. Веројатно во очите на членовите на семејството сте правеле сосема необични работи и сте ги оставале зачудени. Често сте се прашувале од каде ги добивате идеите, бидејќи очигледно не се од нив.

4. Дали некогаш ви се заканувале или ве предупредувале да не го засрамите семејството? Најверојатно не ви било грижа. Сте знаеле кои сте и никогаш не ви било срам од вашата брилијантност.

5. Следите навистина различни цели од оние на семејството. Ако потекнувате од семејство доктори, медицината најверојатно ви е здодевна и сте се одлучиле за сосема друга професија, како на пример, архитект. Вие сте поразлични на цело ново ниво.

6. Кој рекол дека не смеете да бидете и радикално различни? Доколку членовите од семејството се христијани, можеби вам ве привлекува духовноста. Никогаш нема слепо да го следите патот на семејството само затоа што тоа го очекуваат од вас.

7. Бидејќи се држат само до своето, членовите на вашето семејство никогаш нема целосно да ве прифатат за вашата уникатност, без разлика колку се обидувате. Па заборавете на тоа и продолжете понатаму.

8. Настојувате да кажувате нешта и да искажувате мислења на начин што го буни вашето семејство. Можеби тие се прашуваат кое е следното нешто што ќе излезе од вашата уста и најверојатно посакуваат само да се согласите со нив. Ова, се разбира, не е опција за вас.

9. Ви изгледа како семејството само да ве толерира и во најдобар случај, вашата врска е само срдечна. Понекогаш ве вклучуваат во нивните животи, како што е очекувано.

10. Вие сте бунтовник кој сака да се ослободи од структурата на семејството и сте им идол на останатите членови. Немојте никогаш да го заборавите ова. Вие имате храброст да истапите и да им спротивставите на сите.

Доколку вашиот однос со семејството е навистина лош и ви создава проблеми, погледнете зошто и кога е во ред да се оддалечите од токсичните членови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар