Што всушност им прават чевлите со високи потпетици на мажите?

Што всушност им прават чевлите со високи потпетици на мажите?

Мажите навистина ги сакаат убавите женски нозе, а доколку се со високи потпетици, изгледа дека нивниот мозок престанува да работи.

Што всушност им прават чевлите со високи потпетици на мажите?

Заведувањето со чевли со високи потпетици не е тајна помеѓу жените. Тие ги користат овие обувки за да го привлечат вниманието на мажите уште од древниот Рим. Високите потпетици биле и контроверзен симбол на бојното поле на сексуалните политики.

Едно истражување спроведено во Франција сега ја измерило и моќта на високите потпетици. Истражувачите направиле експеримент кој покажал дека мажите се однесуваат многу поразлично кон жените кои носат чевли со високи потпетици.

Овие резултати навистина ќе ги задоволат љубителите на Кристијан Лобутин или Џими Чу, но можат да ги предизвикаат оние кои сметаат дека високите потпетици поттикнуваат сексизам.

Истражувањето покажало дека жените кои носат високи потпетици имаат 2 пати поголеми шанси да ги убедат луѓето на улица да застанат и да одговорат на некоја анкета. Покрај тоа, жените со високи потпетици чекаат дупло пократко за некој да им пријде во бар, за разлика од оние кои одбрале ниски обувки.

„Големината на потпетиците на женските обувки има силно влијание врз машкото однесување. Едноставно кажано, тие ги прават жените поубави“, изјавил Николас Гуегуена, еден од авторите на истражувањето.

Чевлите со високи потпетици го освоиле светот на многу негламурозен начин. Имено, првите обувки со високи потпетици ги носеле месарите во стар Египет за да не газат по крв. Жените почнале да ги носат дури во античка Грција и Рим. Во Рим, каде што тргувањето со сексот било легално, високите потпетици им помагале на клиентите да ги препознаат проститутките во толпа.

Ова истражување покажува дека привлечноста на високите потпетици навистина постои.

„Иако е направено со релативно малку примероци, ова истражување е навистина значајно бидејќи резултатите се јасни и доследни“, изјавил социологот Жан Клод Кауфман кој бил дел од истражувањето.

„Во заведувањето, мажите многу ги привлекува жена со високи потпетици бидејќи изгледа посилна, сексуално посигурна, со поголема самодоверба, со издолжена силуета и со задник кој се истакнува“, додал Жан Клод.

Погледнете и зошто високите потпетици се вистинскиот избор за вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар