Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

Лижавчињата-колачиња (или „cake pops“ како што се нарекуваат на англиски) ќе донесат многу радост на детските родендени, но идеални се и за време на празниците.

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

Овој креативен десерт, со кој може да се заблажите „од нога“, може да биде украс на вашата празнична трпеза, како и сладок подарок за вашите гости доколку ги завиткате лижавчињата во проѕирен целофан и ги заврзете со лентички.

Ако купите веќе мелени бисквити вашиот десерт ќе биде готов за само неколку минути, а не мора да бидете особено вешти или креативни за да ги украсите топчињата. Не се сомневаме дека божиќните лижавчиња на вашата празнична трпеза ќе ги израдуваат и возрасните исто колку и децата.

Потребни состојки:

  • 150 г чоколадо за готвење
  • 50 г путер (на собна температура)
  • 150 г мелени бисквити
  • 2 лажици рум (може да го замените со екстракт од ванила ако ги подготвувате за деца)
  • 2 лажици кафеав шеќер

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

За украсување:

  • 200 г бело чоколадо
  • 180 г темно чоколадо
  • шарени трошки, прехранбени светки, бисерчиња, ѕвездички итн.
  • дрвени стапчиња за раженчиња или пластични стапчиња

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад ставете ги мелените бисквити, омекнатиот путер на собна температура, растопеното чоколадо, румот и кафеавиот шеќер.
  2. Убаво измесете ги состојките со рацете и обликувајте топчиња, а потоа ставете го секое топче на стапче. За топчињата да не се вадат од стапчињата пред да го ставите топчето, натопете го врвот на стапчето во растопеното чоколадо.
  3. Оставете ги наредените лижавчиња во замрзнувач на 10 минути за смесата добро да се излади и чоколадото во кое подоцна ќе ги топите брзо да се стврднува.
  4. Натопете ги лижавчињата во веќе растопеното бело и темно чоколадо. Вртејќи ги во воздухот над садот тие веднаш ќе се ослободат од вишокот чоколадо, а потоа разубавете ги со шарени трошки.

Идеи за украсување: Може да направите снешко, така што ќе споите две топчиња со бело чоколадо и врвот ќе го украсите со шарени трошки наместо капа, ќе ставите мали очиња и портокалово мало носе. Наместо раце може да ставите солени стапчиња. Направете и чоколаден ирвас со уши од переци.

Бидете креативни и создадете различни новогодишни слатки украси со вашите деца.

Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возрасните

Доколку сакате да подготвите и други изненадувања, ви ги предлагаме и меките празнични колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар