Една од најочекуваните серии доаѓа наскоро, a создадена e според популарен роман

Една од најочекуваните серии доаѓа наскоро, a создадена e според популарен роман

Поради фактот што поголемиот дел од нашите денови ги поминуваме во сопствениот дом, не е изненадувачки што скоро секоја нова серија ја дочекуваме со голем ентузијазам. Возбудата е поголема кога станува збор за мистериозни наслови од чиј краток опис на заплетот веќе можеме однапред да заклучиме дека епизодите ќе ги изгледаме за една вечер, а подолу издвоивме токму една таква серија!

Скоро сите најдобри серии ја најдоа својата инспирација во некои од популарните романи, а оваа серија не е исклучок, па нејзината филмска адаптација се базираше на популарниот роман на Сара Пинбороу наречен „Зад нејзините очи“ (Behind her eyes).  Истоимената серија е трилер со шест епизоди што го следи животот на самохрана мајка, исто така, психијатарка Луис, а нејзиниот навидум хармоничен живот всушност е обвиткан со превез на тајност.

Целиот заплет станува покомплициран кога Луис влегува во афера со нејзиниот шеф, додека негува пријателство со неговата сопруга. Сигурни сме дека веќе можете да претпоставите дека драмите во оваа серија нема да изостанат!

Дали прочитавте дека една од најпознатите светски ТВ серии „Игра на тронови“ ќе ја добие својата анимираната верзија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар