Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Сопругите на наследниците на британскиот трон, Кетрин и Меган, го освоија светот со нивниот шарм. Тие минале низ многу курсеви за кралско однесување во кои научиле како да седат, како да се однесуваат во јавност, како да пречекуваат гости, па дури и како да употребуваат прибор за јадење.

Мика Мејер е британски специјалист за однесување и има соработувано со членовите на кралското семејство. Затоа и одлучила да објасни кои се правилата што треба да ги следите за и вие да изгледате како вистинска принцеза.

1. Правилното седење е уметност

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Принцезите и војвотките можат да се препознаат по начинот на којшто седат. На жените од кралското семејство им е забрането да седат со прекрстување на нозете. Сепак, оваа положба ја користат на неофицијални настани кога кралицата Елизабета е отсутна. Најважното нешто што треба да го запомните е дека горната нога не треба да „виси“, туку да биде залепена со другата.

Постојат две главни пози за седење – „Положба на војвотка“ и „Прекрстување Кембриџ“. Во првиот случај важно е да седите исправено и да не се навалувате на столот. Брадата треба да биде паралелна со подот, нозете навалени кон едната страна, а колената и глуждовите треба да бидат споени. Во втората положба, нозете се прекрстуваат така што ќе ја поставите едната нога зад другата и благо ќе ги свиткате колената. Доброто кај двете положби е што визуелно ги издолжуваат нозете.

2. Држете ја чантата со двете раце

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

На официјални настани, војвотките ги држат нивните мали чанти со двете раце. Ако треба да се ракуваат, тогаш ја држат чантата со една рака. Ако војвотката треба да седне, нема да ја остави чантата на земјата или на масата, туку помеѓу нејзиниот грб и столот. Во ретки случаи може да ја постави чантата на нејзините нозе. Исто така, членовите на кралското семејство никогаш не треба да ја држат чантата под рака.

3. Однапред подгответе се за пречек на гости

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Ако планирате забава, не правете вашите гости да чекаат. Украсете ја масата за вечера еден ден пред настанот и доколку можете, подгответе ги сите оброци однапред.

4. Преговарајте за крајот на забавата

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Ако сакате да организирате забава како војвотка, неопходно е однапред да испратите покани. Ова можете да го направите и преку имејл. Мика изјавила дека Кејт Мидлтон користи веб-сајт преку кој испраќа елегантни онлајн покани.

Друг важен детаљ е тоа што нејзините покани секогаш кажуваат и кога завршува настанот. На овој начин гостите нема да го злоупотребат гостопримството на домаќините.

5. Поздравете ги гостите со бакнеж или ракување

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Членовите на кралското семејство ги поздравуваат пријателите и познаниците со бакнеж – прво го допираат десниот, а потоа левиот образ. На официјални настани и со луѓе кои не ги познаваат, војвотките користат ракување. Кога посетуваат други држави, војвотките ги следат локалните традиции. На пример, ако се среќаваат со Маори од Нов Зеланд, тие се поздравуваат со допирање на носовите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар