Зошто треба да ја чувате пластичната фолија во замрзнувач?

Не постои кујна без пластична фолија, којашто се користи за пакување и затворање на храната. Навикнати сме да ја држиме во близина на храната, за секогаш да ни биде при рака кога ќе ни притреба. Но, понекогаш ракувањето со фолијата може да биде малку непријатно и досадно поради нејзината лепливост. Ако и вие се борите со овој проблем, тогаш имаме совршено решение за вас!

За среќа, постои едноставен трик со кој ќе ја „укротите“ пластичната фолија и ќе го направите ракувањето со неа многу полесно. Па, наместо во фиока или на полица, ставете ја во замрзнувачот. Таа повторно ќе ви биде во близина, но кога ќе треба да ја искористите, ќе биде многу „попослушна“. Студениот воздух од замрзнувачот ќе го намали електрицитетот на фолијата, поради што ќе ја направи и помалку леплива, но не за долго. Ќе имате доволно време да ја наместите, и кога таа малку ќе се затопли, ќе ја врати целосно својата функционалност.

Добра идеја, се согласувате? Ако ви се допадна овој трик, прочитајте ги и овие 7 нови и алтернативни начини да го искористите замрзнувачот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар