5-те најдобри филмови за кралските семејства што треба да ги гледате

5-те најдобри филмови за кралските семејства што треба да ги гледате

Животот на членовите на кралските семејства отсекогаш бил интригантен, а овие филмови ќе ви откријат дел од нивната приказна. Каков живот водат членовите на кралското семејство? Дали навистина е онаков како што ни е претставено? Како изгледало сето тоа порано? Одговорите на некои прашања ќе ги пронајдете во овие филмови.

1. „Грејс Кели: Американската принцеза“ („Grace Kelly: The American Princess“)

Меган Маркл не е единствената американска актерка која стана принцеза. Пред неа, Греј Кели имаше среќа да се омажи за принцот од Монако. Овој филм го прикажува нејзиниот пат од освојувањето оскар сè до станување принцеза.

2. „90-тиот роденден на кралицата Елизабета“ („He walks like George!“ – Elizabeth at 90 – A Family Tribute)

Кралицата го прослави својот 90-ти роденден кралски, токму како што доликува. Прославата на нејзиниот роденден траеше четири дена, а во церемонијата беа вклучени повеќе од 900 коњи и 1.500 изведувачи. Во документарецот објавен од Би-Би-Си, можете да видите снимки од кралското семејство што не се видени досега. Исто така, има и интервјуа со принцот Хари, со принцот Вилијам и со многу други членови на кралското семејство.

3. „Хари и Меган: Модерна кралска венчавка“ (Harry and Meghan: A Modern Royal Wedding“)

Свадбата на Хари и Меган беше нешто што многу луѓе едвај го чекаа и го следеа преносот без да трепнат. Овој филм е ретроспектива и може да ви послужи како инспирација ако планирате да го кажете најважното „да“ во блиска иднина.

4. „Кејт: Модерна кралица“ („Kate: The Making Of A Modern Queen“)

Ова е приказна за патувањето на една сосема обична девојка од обично семејство до титулата кралица на Англија. Кејт сè уште не е кралица, но, според експертите, ги има сите предиспозиции за тоа. Во овој филм ќе откриете зошто сите ја сакаат Кејт и што ја прави толку посебна.

5. „Војвотката“ („The Duchess“)

Ова е приказна за аристократка од 18-тиот век, која живее во не многу среќен брак. Во овој филм сè е фасцинантно – приказните за неверството, за љубовта, за интригите во дворецот, за суровоста. Главната актерка која ја игра Кира Најтли покажува таква харизма, поради која таа станува многу популарна кај луѓето. Овој интересен филм ќе посакате да го гледате повеќе од еднаш.

Погледнете кои 14 филмови со премиера во 2020 година треба задолжително да ги изгледате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Katie Reply

    Би ја препорачала и серијата The Crown на Нетфликс, одлична изведба и со многу точни информации за кралицата Елизабета. Има доста познати британски актери и општо навистина интересна за гледање и информативна.

Напиши одговор на Katie Откажи одговор