Филмови со кучиња кои ќе ги расположат сите оние на кои седењето дома им е преку глава

Кучињата се симпатични крзнени суштества кои обожаваат гушкање, галење по стомакот и храна. Поради моменталната ситуација со пандемијата, луѓето кои имаат кучиња го поминуваат поголемиот дел од времето играјќи си со нив. Без разлика дали имате крзнен пријател во домот или не, можете да изберете некој филм со кучиња и да го гледате за време на карантинот.

Ви предлагаме неколку одлични филмови во кои кучињата живеат до крајот на филмот, бидејќи со моменталната состојба во светот никој не би сакал да биде уште потажен.

1. „Дамата и скитникот“ (Lady and The Tramp)

„Дамата и скитникот“ е анимиран филм за едно богато и разгалено кученце кое се заљубува во еден шармантен скитник. Ова е приказна која зборува за љубовта која секогаш победува, за поделбата на класите и за пронаоѓањето на вашето место во овој свет. Иако во 2019 година беше направен и филм, оригиналот сѐ уште победува.

Дамата и скитникот

2. „Сто и еден далматинец“ (One Hundred and One Dalmatians)

Базиран на романот на Доди Смит, „Сто и еден далматинец“ е филм од 1961 година кој е полн со кучиња и го има еден од најдобрите негативци на Дизни на сите времиња – Круела де Вил. Приказната започнува кога кучињата Понго и Пердита се киднапирани, бидејќи Круела де Вил сака да го искористи нивното крзно за далматински мантил. Тогаш родителите започнуваат авантура за да ги вратат кучињата.

Сто и еден далматинец

3. „Скуби Ду на островот на мртвите“ (Scooby-Doo on Zombie Island)

Ако барате нешто повозбудливо тогаш гледајте го „Скуби Ду на островот на мртвите“ каде Скуби Ду се бори со вистински мртовци. Целиот 77-минутен филм е полн со забава, многу мртовци и авантури со бандата од „Мистериозната машина“. Можете да го гледате кога би сакале да се релаксирате без да мислите на друго. Кој не го сака Скуби? Тој е толку добро кученце!

СкубиДу

4. „Кучешки денови“ (Dog Days)

„Кучешки денови“ е филм за животите на група луѓе и нивните кучиња, а нивните меѓусебно поврзани приказни ќе ве натераат да копнеете по човечка интеракција. Во главните улоги на филмот се Ева Лонгорија, Нина Добрев, Ванеса Хаџенс, Томас Ленон, Рајан Хенсен и Фин Волфард. Не смееме да ги заборавиме и кучињата кои се многу симпатични.

Кучешки денови

За повеќе предлози, погледнете ги овие 10 филмови кои ќе ве насмеат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар