10 филмови кои ќе ве релаксираат и насмеат

Многумина ќе се одлучат да останат во своите домови и да се релаксираат со филм во текот на викендот. Предлагаме 10 филмови кои може да ги погледнете за да се опуштите и насмеете.

1. Алиби точка ком (Alibi.com)

Дејствието се одвива околу една агенција која создава лажни алибија. Во филмот, главниот лик се запознава со девојката од неговите соништа, но ќе се случат некои работи што ќе предизвикаат промени.

2. Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

Главниот лик е тинејџерот Крег. Тој сонува дека се самоубива и откако ќе се разбуди, одлучува да оди во ментална установа. Тој ќе биде сместен во одделот за возрасни и тука започнува заплетот.

3. Даи си хинг (Dai si hing)

Поранешно воено лице започнува да работи во училиште во Хонгконг. Училиштето треба да се затвори, но главниот лик прави сѐ за да го спречи тоа.

4. Како татко си (Like Father)

Една девојка го остава својот партнер за време на нивната венчавка. Таа, сепак, одлучува да оди на медениот месец со татко си, кој ја оставил пред 20 години.

5. Тимот А (The A-Team)

Една група поранешни војници се погрешно обвинети за криминално дело. Тие одлучуваат да ги најдат вистинските злосторници за да си ја вратат репутацијата и да се вратат на слобода.

6. Лошо семе (Mauvaises herbes)

Оваа комплицирана приказна следи еден измамник и неговата мајка. Ова необично дуо краде од пријателите, но наеднаш, животот на главниот лик се менува.

7. Таа е смешна на тој начин (She’s Funny That Way)

Сѐ се менува кога една девојка ќе стане дел од животот на еден театарски режисер. Се дознаваат семејни тајни, се случуваат скандали и завршува мирниот живот на главниот лик.

8. Заминување во стил (Going in Style)

Старите пријатели Џо, Вили и Ел се плашат да бидат сиромашни во староста и се решаваат да ограбат банка за да ги земат своите заштеди.

9. Исцелител (The Healer)

Алекс е сигурен дека животот се врти околу жените, алкохолот и обложувањето. Еден ден, некој се нуди да ги плати сите долгови на Алекс под еден необичен услов – тој треба да живее во друг дом цела година.

10. Судниот ден (Jour J)

Филмот е за Матијас, кој наскоро треба да стапи во брак. Меѓутоа, неговата поранешна девојка ја организира неговата венчавка.

За повеќе предлози, погледнете ги 9-те најпозитивни филмови за 2019-та година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар