9-те најпозитивни филмови за 2019-та година

Сите можеме да се согласиме дека 2018-та година беше одлична година за забава, па постави навистина високи стандарди за 2019-та. Но изгледа оваа година е подготвена за предизвиците. Многу од овогодишните филмски премиери се долго очекувани продолженија и преработки, но има и неколку оригинални наслови. Погледнете ги најпозитивните филмови што ги очекуваме оваа година.

1. „Капетанка Марвел“ (Captain Marvel)

Премиера: 8-ми март

Доколку не сте го изгледале досега, уште сега купете ги влезниците за кино. Ова е првиот филм на Марвел каде што главниот суперхерој е жена. За капетанката Марвел се вели дека е најмоќниот суперхерој од Универзумот на Марвел и сигурно ќе сакате да ја видите во акција.

2. „Дамбо“ (Dumbo)

Премиера: 29-ти март

Овој римејк од анимираната класика од 1941-ва година е на режисерот Тим Бартон и е првиот од трите најавени преработки на филмови од Дизни. Филмот ќе ја раскажува незаборавната приказна за уникатниот циркуски слон, која и овој пат нема да ве остави рамнодушни. Покрај тоа, актерската екипа ја сочинуваат Ева Грин, Мајкл Китон, Колин Фарел и Дени Девито, па филмот ветува многу.

3. „Покемон: Детектив Пикачу“ (Pokemon: Detective Pikachu)

Премиера: 10-ти мај

Од една страна го имаме Пикачу, малиот сладок покемон, а од друга страна го имаме Рајан Рејнолдс. Подгответе се да ги оживите сеќавањата од детството со овој филм. Без разлика дали ќе биде добар или лош, сигурно ќе ја разбуди носталгијата.

4. „Рокетмен“ (Rocketman)

Премиера: 24-ти мај

После „Ѕвездата е родена“ и „Боемска рапсодија“, нормално е да очекуваме уште еден епски мјузикл од Холивуд. Овој пат станува збор за животот на Џон Елтон. Чудно е да се направи филм за ѕвезда којашто сè уште е жива, но сепак, Елтон Џон е легенда.

5. „Приказна за играчките 4“ (Toy Story 4)

Премиера: 21-ви јуни

Сите мислевме дека третиот дел од серијалот го означи крајот на најдобриот анимиран филм од Пиксар. Но продуцентите веројатно имаат многу добра причина штом направиле уште еден филм, па подгответе се за уште една авантура со Вуди, Баз и остатокот од екипата.

6. „Спајдермен: Далеку од дома“ (Spider-Man: Far From Home)

Премиера: 5-ти јули

Изгледа дека Спајдермен го преживеа масовното уништување на Танос, па ни остана барем еден од омилените суперхерои. Овој пат тој оди во Европа (далеку од дома) каде што ќе се соочи со негативецот познат како Мистерио.

7. „Кралот лав“ (The Lion King)

Премиера: 19-ти јули

Ова е уште една преработка на класика од Дизни којашто ни е позната на сите. Актерската екипа ја сочинуваат Доналд Гловер како Симба, Бијонсе како Нала, Џон Оливер како Зазу, Сет Роген како Пумба и Џејмс Ерл Џоунс се враќа во улогата на Муфаса. Изгледа дека сите со нетрпение го очекуваат филмот.

8. „Замрзнатото кралство 2“ (Frozen 2)

Премиера: 22-ри ноември

Првиот филм заработи милијарди ширум целиот свет, па со олку многу фанови неизбежно е да се направи уште еден дел. Покрај тоа, трејлерот на филмот го собори рекордот за анимирани филмови за само 24 часа од неговото објавување. Ана и Елса се враќаат за уште една ледена авантура.

9. „Војна на ѕвездите: Епизода IX“ (Star Wars: Episode IX)

9-те најпозитивни филмови што ги очекуваме во 2019-та година

Премиера: 20-ти декември

Во една далечна галаксија, Џ. Џ. Абрамс се врати на режисерското столче за да го заврши она што го започна. Иако во филмот нема да видиме многу од оригиналните херои, сепак ќе ја видиме принцезата Леја со снимки од претходните два филма. Па, сите едвај чекаме да ја дознаеме вистинската судбина на Реј и Кајло Рен по смртта на Лук Скајвокер.

Додека ги чекаме новите филмски премиери, вратете се во детството со овие филмови од 80-тите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар