14 филмови со премиера во 2020 година кои треба да ги изгледаме

Повеќе од 10.000 филмови беа премиерно објавени во 2019 година, но 2020 година е исто толку плодна! За да не се изгубиме во целата оваа разновидност, треба да ги прочитаме коментарите на критичарите, написите и оценките на Интернет.

Следува список од најочекуваните филмови во 2020 година.

1. „Dune“ („Дина“)

Датум на објавување: 19 ноември, 2020 година

Денис Вилнов ќе се обиде и ќе ве изненади со новата адаптација на научно фантастичниот роман на Франклин Харберт. Патем, на претходната адаптација што била објавена во 1984 година работел Дејвид Линч. Приказната воглавно е околу навигаторите кои патуваат во вселената и знаат сè за иднината. Но, тие исто така, имаат потреба од нешто посебно наречено Дина од планетата, Аракис. Војната ќе се одвива над оваа планета.

2. „Soul“ („Душа“)

Датум на објавување: 17 јуни, 2020 година

Во 2020 година, „Пиксар“ ќе издаде своевидна и мудра анимација. Објавувањето на „Onward“ („Напред“) е повеќе за деца, но „Душа“ ќе биде одлична и за возрасните. Главниот лик на „Душа“ е наставник по музичко кој сонува да настапува во џез-клуб. Одеднаш, тој умира и завршува во простор каде што мора да го продолжи својот пат. Што ја прави личноста човек? И од каде потекнуваат нашите соништа? Ова се главните прашања што „Пиксар“ ги истражува во овој многу очекуван филм.

3. „Emma“ („Ема“)

Датум на објавување: 14 февруари 2020 година

Овој филм е филмска адаптација на романот на Џејн Остин за младата и привлечна Ема Вудхаус која бира партнери за нејзините пријателки, но е убедена дека таа никогаш нема да се омажи. Се разбира, животот на оваа девојка е полн со изненадувања. Главната улога во овој филм ја игра британската актерка, Ања Тејлор-Џој која можеби ја препознавате од трилерот „Split“ („Подели“).

4. „The Secret Garden“ („Тајната градина“)

Датум на објавување: 15 април 2020 година.

„Тајната градина“ се заснова на класичниот роман на Френсис Елиза Бурнет. Ова е приказна за девојче чии родители починале, па тоа морало да се пресели во палатата на нејзиниот чичко. Нејзе ѝ било забрането да шета по ходниците на огромниот имот, но таа не се придржувала до тоа и еден ден, открила тајна врата која водела до волшебна градина. Креаторите на „Хари Потер“ и „Падингтон“ работеле на овој филм, затоа бидете сигурни дека тоа ќе биде возбудлива приказна.

5. „The Many Saints of Newark“ („Многуте светци во Неварк“)

Датум на објавување: 25 септември 2020 година

„Многу светци на Неварк е своевидна најава на иконската серија „Сопранови“. Филмот се одвива во 1960-тите во САД, а го следи животот на младиот Тони Сопрано. Во Неварк во тоа време афроамериканските и италијанските заедници се бореле за моќ и никој не бил подготвен да се предаде.

6. „Gretel&Hansel“ („Јованче и Марика“)

Датум на објавување: 30 јануари 2020 година

Режисерот Оз Перкинс не се плаши да претвори бајката за братчето и сестричето во хорор филм. Новиот филм „Јованче и Марика“ го следи главниот лик додека оди во шумата за да најде работа и храна за себе и нејзиниот брат. Но, тие не знаат дека ќе мора да се соочат со вистинско зло. Ова е тотално нова верзија на старата приказна.

7. „A Quiet Place: Part II“ („Тивко место: II дел“)

Датум на објавување: 18 март 2020 година

Емили Блант ќе се појави во овој застрашувачки хорор филм кој е продолжение на страшниот тресок од 2018 година. „Тивко место II“ ќе покаже што се случува со ликовите откако нивната куќа беше нападната од чудовиштата.

8. „The Last Thing He Wanted“ („Последното што го посака“)

Датум на објавување: 27 јануари 2020 година

Во овој нов филм на „Нетфликс“, Ен Хатавеј ќе ја игра улогата на новинарката Елена МекМахон. Таа наследува бизнис со оружје од нејзиниот татко. Но, на крај излегува дека зад овој бизнис се крие многу поголемо зло.

9. „Wendy“ („Венди“)

Датум на објавување: 28 февруари 2020 година

„Венди“ е фантастичен филм за девојче кое избегало од остров каде времето запрело. Сега, таа треба да одлучи што е поважно за неа: слободата или нејзиното семејство.

10. „The Woman in the Window“ („Жената во прозорецот“)

Датум на објавување: 14 мај 2020 година

„Жената во прозорецот“ е претстојниот трилер од Џој Врајт и Гари Олдман. Приказната е воглавно околу жена со агорафобија (страв од отворен простор). Таа ги шпионира соседите и завршува како сведок на нешто ужасно.

11. „Tenet“ („Принцип“)

Датум на објавување: 15 јули 2020 година

Кристофер Нолан ќе ги израдува своите обожаватели со уште еден огромен филм што ја доведува во прашање нашата идеја за простор и време. Буџетот на „Принцип“ бил неверојатни 225 милиони долари што го прави еден од најскапите филмови на сите времиња. Ова е акционен филм за шпионажа и патување низ времето во кој играат Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон.

12. „The Personal History of David Copperfield“ („Личната историја на Дејвид Коперфилд“)

Датум на објавување: 24 јануари 2020 година

Шкотскиот писател на сатира, Армандо Ланучи, решил да направи филмска адаптација на романот на Чарлс Дикенс за Дејвид Коперфилд. Тој ветува дека филмот е светол и смешен. Коперфилд го глуми актерот Дев Пател. Во филмот ќе ги видите и Хуг Лори, Тилда Свинтон и Бен Вишав.

13. „The French Dispatch“ („Француска испорака“)

Сè уште нема датум на објавување

Еден од најважните режисери на денешницата, Вес Андерсон, ќе го објави својот нов филм во 2020 година. Неговиот нов филм ќе биде најавен на насловна страна на еден американски весник. Оваа драма – комедија има одлични актери, вклучувајќи ги и Франсис МекДорманд, Бил Мареј, Тимотеј Халамет, Леа Сејдукс, Кејт Винслет и многу други.

14. Филм на Пол Томас Андерсон – насловот сè уште не е објавен

Нема многу информации за овој проект на режисерот кој освои Оскар, но љубителите на филм се убедени дека овој филм на Пол Томас Андерсон ќе биде еден од најважните филмски настани во 2020 година. Филмот ги прикажува 1970 тите и се снима во долината Сан Фернандо каде што главен лик е ученик во средно училиште кој не е професионален актер.

Можеби ќе ви измамат насмевка на лицето: предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар