Пет работи што ги нервираат жените

Односите помеѓу мажите и жените се комплексни, а експертите секогаш советуваат да имате високо ниво на толеранција за врската да биде успешна. Покрај толеранцијата, неопходно е мажите да знаат како да се однесуваат во некои ситуации за нивната понежна половина да биде среќна затоа што постојат ситуации со кои жените едноставно не можат да се справат.

Пет работи што ги нервираат жените

1. Слушајте ја жената кога ви кажува нешто

Жените зборуваат многу и многу им е важно да ги споделат своите впечатоци, обврски, планови, како и задачите што им ги доделуваат на своите партнери. Ако вашата жена ви каже дека ќе пие кафе со пријателките, а вие за тоа време треба да ги измиете садовите и да ги земете децата од тренинг, не заборавајте да го сторите тоа бидејќи во спротивно ќе имате расправија затоа што не ја слушате кога ви кажува нешто.

2. Не ветувајте нешто што не можете да го направите денес

Ако веќе ветите нешто, сторете го тоа. Ако вашата жена ве праша дали можете да ја поправите славината или да го смените осигурувачот, немојте само да ѝ одговорите „да, драга“ и да продолжите да го гледате натпреварот затоа што кога ќе се врати дома, гледањето на натпреварот ќе ви биде уништено.

3. Никогаш не велете ѝ дека е нервозна

Избегнете го тој епитет, дури и кога е вистина. Кога жената е нервозна, последното нешто што треба да го направите е да ѝ го кажете тоа. Меѓутоа, ако одлучите да го преземете овој „храбар чекор“, мора да бидете подготвени за последиците. Обидете се да сочувствувате со нејзината моментална состојба (иако можеби воопшто не го разбирате тоа), кажете ѝ неколку утешителни зборови и ќе имате целосно спротивна ситуација.

4. Не зборувајте лошо за нејзината мајка

Озборувањето на нејзината мајка е единствено нејзино право. Ако мислите да ѝ се придружите на нападот и да ги коментирате постапките на нејзината мајка, работите може да се свртат против вас многу брзо. Запомнете, вие мора да ја почитувате нејзината мајка, а да ја нападне може само вашата жена. И обратно, се разбира.

5. Не велете ѝ дека изгледа лошо во некое парче облека

Забелешките како „не изгледаш убаво во тој фустан“, „во тоа изгледаш дебело“ или „подобро изгледаше со долга коса“ оставете ги настрана. Иако вашата поубава половина ве праша за искрен одговор за она што го мислите за нејзиниот нов фустан или за нејзината фризура, искрениот одговор најверојатно ќе предизвика реакција како „веќе не сум убава“ или „знаев дека бев дебела“. Доколку ситуацијата не бара навистина искрен одговор, би било паметно да не го кажете токму тоа што го мислите.

Прочитајте кои 18 знаци откриваат дека сте лоша девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар