Зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите?

Зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите?

Цинкот може да биде ефикасен кога станува збор за намалување на времетраењето на настинката, а сега се знае дека многу обични настинки се предизвикани од коронавируси. Па, многумина да се прашуваат дали цинкот може да помогне во ублажување на влијанието и да помогне во борбата против новиот коронавирус кој пустоши низ целата планета.

Зошто се верува дека цинкот може да ја спречи заразата со коронавирусот и како да го користите?

Цинкот е неопходен минерал за здравјето на луѓето, но генерално не ви требаат големи количини – околу 15 милиграми на ден е сосема доволно. Тој е одговорен за вашиот имунолошки систем, за заздравувањето на раните, за видот и за развојот на мозокот, а се покажа и дека има антивирусно дејство.

Според едно истражување, луѓето кои внесувале цинк во организмот додека имале симптоми на настинка биле значително пократко време болни во однос на луѓето што не внесувале цинк. Кај луѓето што внесувале цинк, настинката траела 4,5 дена, а кај другата група настинката траела 8 дена. Учесниците консумирале приближно 80 милиграми цинк дневно, што е над дневните потреби, но тоа не создава проблеми ако станува збор за краток временски период.

Истражувачите не знаат точно зошто цинкот има ваков ефект, но тие веруваат дека може да го спречи влегувањето на вирусот во клетките, а исто така може да ги намали и нивото на воспалителни супстанции кои се наоѓаат во крвта познати како цитокини.

Колку е цинкот корисен за КОВИД-19?

Според едно истражување, цинкот ја блокира синтезата на РНК така што вирусот не е во состојба да се размножува понатаму. Бидејќи има многу сличности помеѓу двата вида коронавируси, разумно е да се очекува дека цинкот може да влијае на КОВИД-19 на сличен начин. Сепак, ова откритие се однесува на интрацелуларниот цинк, т.е. цинкот што се наоѓа во нашите клетки, така што таблетите цинк може да не бидат корисни врз основа на овој наод.

Иако не е познато дали оралното внесување цинк во организмот може да го зголеми нивото на интрацелуларниот цинк на начин на кој го прават тоа липозомните производи, нема да ви наштети ако го зголемите внесот на цинк со консумирање храна што е добар извор на минерали.

На врвот на списокот на намирници што се извор на цинк се остригите, кои содржат многу повеќе цинк во споредба со другите намирници. Друга храна што е извор на цинк се ракчињата, говедското месо и јастогот.

Доктор Џејмс Роб, патолог и истражувач на коронавирусот, верува дека таблетите што содржат цинк помагаат во борбата против коронавирусот и може да бидат корисни за тековната пандемија.

Сепак, тој истакна дека не постои експериментална основа за таквото тврдење, но препорачува луѓето да земаат цинк таблети неколку пати на ден доколку имаат треска, болка во мускулите и покачена температура.

Иако никој не може да каже со апсолутна сигурност дека цинкот навистина може да помогне во борбата против коронавирусот, сигурно нема да наштети ако го консумирате и може да ви помогне кај други здравствени проблеми. Всушност, недостатокот на овој минерал може да предизвика многубројни проблеми како што се губење на косата, слаб имунитет, висок холестерол, хроничен замор и остеопороза.

Прочитајте која храна ќе ви помогне во зајакнувањето на имунитетот за време на коронавирусот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар