Тиропита за појадок или вечера: Грчка пита со сирење

Ова е едноставен и вкусен рецепт со кој ќе ги воодушевите вашите најблиски. Ви предлагаме веднаш да го направите овој вкусен грчки специјалитет и тоа без готови кори за пита.

Тиропита за појадок или вечера: Грчка пита со сирење

Потребни состојки:

  •      5 јајца
  •      200 грама брашно
  •      400 г фета сирење
  •      200 г кашкавал
  •      1 шолја павлака (180 мл)
  •      100 мл масло
  •      1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Лесно разматете ги јајцата во длабок сад.
  2. Додајте го фета сирењето надробено со вилушка, ренданиот кашкавал, павлаката, маслото, брашното, прашокот за печиво и измешајте ги состојките.
  3. Премачкајте ја тавата со дијаметар од 30 см со малку масло и истурете ја смесата.
  4. Печете на 180 степени околу 45 минути.
  5. Уживајте во неверојатниот вкус!

Можеби сакате да го прочитате и овој совршен предлог за денешниот ручек: Пица со месо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар