6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Само што помисливте дека некои парчиња облека никогаш веќе нема да се носат, новите трендови почнаа да го демантираат тоа. Ова се некои од водечките трендови за оваа сезона, а вие речиси ги заборавивте.

1. Кроп топ

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Трендот на кратки топови и гол стомак е повторно многу актуелен. Овој пат тоа е малку посуптилно од претходно, но повторно го привлекува вниманието на популарните дами. Носете го со предимензионално сако.

2. Набори

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Тесните фустани со набори беа исклучително популарни кон крајот на минатиот век. Тие ја истакнуваат фигурата, а наборите ги кријат недостатоците на женското тело. Оваа сезона тие се на врвот на модната листа.

3. Алки

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Иако мислевте дека никогаш веќе нема да се вратат во мода и ги сметавте како демоде, тие се враќаат на модната сцена со вртоглава брзина и изгледаат многу интересно.

4. Тенки прерамки

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Тенките прерамки се знак на женственост, софистицираност и суптилен сексапил. Моментално, фустаните со многу тенки прерамки се едни од најпопуларните парчиња облека.

5. Квадратни чевли

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Популарните влечки со високи потпетици и отворени прсти сè повеќе ја освојуваат модната сцена. Чевлите со шпиц нема да бидат толку популарни и ќе бидат заменети со квадратна форма која беше речиси заборавена.

6. Кардиган

6 трендови од минатото на кои треба да им обрнете внимание

Кардиганот отсекогаш асоцирал на конзервативност. Но, овој пат ќе се носи поинаку и се поврзува со урбаниот стил, така што сега ќе го гледате со други очи.

Погледнете кои модни додатоци ќе бидат актуелни во сезоната пролет/лето 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар