Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Пријателството помеѓу различни животински видови е секогаш симпатично за набљудување. Овојпат, неверојатното пријателство помеѓу семејство орангутани со некои видри  во белгиската зоолошка градина го привлече вниманието на Интернет и ги освои срцата на многумина.

Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Орангутаните и видрите за првпат се сретнале кога вработените во зоолошката градина „Паири Даиза“ во Бругелет ја отвориле патеката на видрите низ делот каде се сместени орангутаните. Па така се формирала здрава, магична врска меѓу двата вида.

Симпатичните фотографии многу кажуваат, затоа продолжете да читате и подгответе се да се изненадите и да се појави широка насмевка на вашите лица. Следуваат информации добиени од  Матие Гедефро, портпарол на зоолошката градина „Паири Даиза“.

Семејство орангутани посебно се поврзало со група видри во белгиската зоолошка градина

Ова е тато Уијан кој има 24 години.

Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Тој формирал особено силна поврзаност со видрите.

Тато Уијан кој има 24 години, мама Сари (15) и нивниот син Берани (кој штотуку наполнил 4 години) го сочиниваат семејството орангутани во зоолошката градина. На една од фотографиите, Берани игра криенка со своите мали азиски пријатели видри.

Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Матие изјавил дека орангутаните и видрите главно играат брканица или криенка. Видрите се криеле под големи стебла на дрва или дрвени конструкции, тогаш Берани, бебето Орангутан, доаѓало да ги бара. Понекогаш, по некое време излегувале и го задевале. Навистина било неверојатно да се види како си играат.

Според Матие, зоолошката градина вложувала многу во збогатување на нивните животински домови. Тоа не значело само на големината, туку и квалитетот на животот бил многу важен. Еден од начините на кој се правело тоа (покрај доставувањето храна, правење сложувалки, организирање мисловни игри, поставување на нови лулашки или нови дрва) било и доближување на животни кои можат да комуницираат едни со други во блиски или исти простории на кои им давале можност да се гледаат едни со други.

Нивните горила живеат заедно со мајмуни колуби, пингвините живеат со фоки, кенгурите го делат својот дом со пеликани, има верверички кои живеат со лилјаци, носорог со пеликани, жирафи со ноеви, азиски слонови со азиски газели, зебра со биволи итн.

Матие потврдил дека зоолошката градина во моментов е затворена за јавноста сè додека не се дозволи повторно да се отвори. Во моментов и Белгија се соочува со блокада поради коронавирусот. Но, ова не ги запира секој ден да им пружаат најдобра нега на животните.

Ова е 4-годишниот Берани кој сака да игра со своите пријатели и е премногу симпатичен

Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Берани е љубопитен мал орангутан и сака да си игра криенка.

Два фактори биле многу важни за благосостојбата на животно кое е затворено: големината на неговиот затворен простор, но и квалитетот на неговото живеалиште. Тоа значи дека животните, уште повеќе кога орангутани се во прашање, со кои луѓето делат 97% од својата ДНК, мора да се забавуваат, ангажираат, предизвикуваат и исполнуваат ментално, емоционално и физички во секое време.

Матие истакнал дека уште од 2017 година, кога орангутаните се преселиле од Германија во зоолошката градина „Пари Даиза“ видрите едноставно сакале да комуницираат со своите „големи крзнени пријатели“.

Орангутани изградиле посебна пријателска поврзаност со видри со кои заедно го поминуваат времето во зоолошка градина

Воглавно, бебето Берани и тато Уијан развиле многу посебна приврзаност со соседите, споделил Матие. Доближувањето го направило животот на двата животински видови позабавен и поинтересен, што го направило експериментот многу успешен.

Насадите со палми во Борнео и Суматра се закана за популацијата на орангутани кои се таму. Матие изјавил за CNN дека зоолошката градина „Паири Даиза“ собрала средства за да се засадат 11.000 дрва во Борнео за да се обнови шумата и да им се помогне на тамошните орангутани.

Луѓето обожуваат да гледаат фотографии на кој животните си играат заедно.

Можеби сакате да ги погледнете и овие 19 фотографии кои докажуваат дека и животните имаат чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар