Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артистот Дилон Форте создава неверојатни тетоважи со природни геометриски форми. Изминативе 12 години, тој ја пренесува неговата љубов кон природата и нејзините неверојатни дезени во неговите дела кои ја симболизираат поврзаноста на сите нешта.

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

„Светата геометрија ги претставува математичките пропорции и релации во рамките на природата. Сметам дека оваа поврзаност е фасцинантна и кога се фокусирам на неа можам уште повеќе да ги ценам овие поврзаности.“

Форте е под влијание и од неговите патувања, а ова му помага да се поврзе со суштината на неговата визуелна уметност.

„Културите ширум светот ја препознаваат светата геометрија веќе илјадници години и ѝ оддаваат почит со нивната уметност, архитектура, религии и слично.“

Проучувајќи ги овие извори, тој употребува разни стилови – од тетоважи изработени со точки, па сè до елементи кои изгледаат како да се насликани со четка. Мандалата, која на некој начин го претставува универзумот, е најчестиот мотив во неговите дизајни. Таа ја претставува убавината на цикличен свет кој понекогаш има остри рабови, а понекогаш меки.

Но, тетоважите не се неговиот единствен начин на изразување креативност – неретко слика и на традиционалното платно. Сепак, тетовирањето е искуство што не може да се замени со слика на платно.

„Она што ме тера да ја тетовирам мојата уметност на луѓето е тоа што овие ‘платна’ продолжуваат да ги изложуваат моите дезени во текот на целиот нивен живот. Тие им придаваат свое значење на тетоважите, а јас сакам да ги правам луѓето среќни.“

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Тату артист ги претвора природните геометриски дезени во неверојатни тетоважи

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар