Погледнете дел од уникатниот, рачно изработен накит од Рабенда (+ ПОДАРОК)

Не е тајна дека жените секогаш сакаат да се чувствуваат убаво, па затоа често избираат накит што привлекува внимание. Колку повпечатлив, поуникатен и во специфичен стил, толку подобро ја отсликува личноста на жената.

Од своја страна пак, изработката на накит е нешто што бара многу љубов, посветеност, трудољубивост и уметничка душа. На оваа тема поразговаравме со Ана, сопственик на Рабенда, а повеќе за креативната идеја, процесот на изработка и изборот на материјали, прочитајте од интервјуто во продолжение.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

 

View this post on Instagram

 

💎<—— GIVEAWAY TIME ——>💎 Во соработка со @rabendajewelry подаруваме 2 рачно изработени уникатни комплети за две девојки. Правила за учество: 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @rabendajewelry 2. Тагнете две пријателки во коментар 3. Можете да тагнувате повеќе пати (различни профили) Добитничките ќе ги избереме во среда (14.08.2019). Со среќа! Фотографија: @sayanakay #кафепауза #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #fashionistasmk #фотонаденот #фотонанеделата #накит #рачнаизработка #уникатно #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

1. Како започна и кој стои зад приказната Рабенда?

Позади приказната наречена Рабенда стои креативец – сонувач, дипломиран архитект, а сега веб дизајнер. Девојка со немирен дух, трагач по приказни, љубител на стрипови и пиво… 🙂 Девојка која што оваа приказна почна да ја развива како еден вид хоби…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

2. Колку време е потребно да се изработи едно парче накит? Дали треба да се погоди моментот за работа, или инспирација се наоѓа секогаш?

Секое парче накит е приказна за себе и секое парче накит бара посебна посветеност. Во принцип, процесот трае неколку часови, па дури и денови… Дали треба да се погоди моментот!? – Низ годините научив неколку работи… Ако се чувствуваш мизерно – подобро не се ни обидувај да глумиш креативен! Пропорционално на тоа колку посветла аура носиш – толку повесели парчиња добиваш! 🙂

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

3. Од кои материјали го изработуваш накитот? И кои мотиви најчесто ги употребуваш?

Работам со полимерна глина и ја обожавам таканаречената техника на везење. Понекогаш сакам да експериментирам, па знам да користам и сито печат, текстури, да употребувам акрилни бои (ги обожавам Pebeo Prisme & Moon), како и мика пудри и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

4. Може ли да се заработува од ваков вид хоби?

🙂 Times are hard for dreamers…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

5. Кое е твоето омилено парче накит што го имаш дизајнирано?

Секогаш имам нови и нови омилени и секое ново парче ми е поомилено од претходното, ако може така да се каже, но ова е првото парче кое што раскажува некаква приказна. Застани, крени глава и гледај во ѕвездите – ќе разбереш. 🙂

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

6. Каде се достапни за продажба овие мали уметнички дела?

Во Скопје може да се најдат во Чаршија, сувенирницата веднаш карши Austrian Palace.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rabenda (@rabendajewelry) on

Интервју: Ана Ќурчиевска

Прочитајте и за неверојатните приказни со камчиња на Славица Стојанова.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар