Возбудлив хотелски дизајн со стаклен базен што лебди 600 метри над норвешките фјордови

Инспирирани од еден од највизуелните предели на Норвешка, луѓето од архитектонското студио Хајри Атак дошле до спектакуларен концепт за нов хотел. Предлогот вклучува сместување вгнездено на страната на Прекостолен, карпа која „лебди“ 604 метри над фјордовите. Ова е веќе популарна дестинација за туристите, но сега тие ќе имаат причина плус да ја посетат, благодарение на овој впечатлив хотел.

Возбудлив хотелски дизајн со стаклен базен што лебди 600 метри над норвешките фјордови

Хотелот ќе се пристапува од врвот на карпата и ќе има заеднички простор за одмор и 9 гостински соби вгнездени на предниот дел од карпата. Горниот влез ќе служи и како место од каде што ќе може да се ужива во убавата глетка, а вистинските трагачи по авантура ќе можат да се нурнат во спектакуларниот базен за кој дефинитивно треба храброст. Стакленото дно ќе им овозможи на пливачите да уживаат во глетката на фјордовите.

Возбудлив хотелски дизајн со стаклен базен што лебди 600 метри над норвешките фјордови

Целиот концепт е инспириран од една фотографија која му била испратена на основачот Хајри Атак. Возбуден од фотографијата којашто му ја пратил пријател од неговото патување во Норвешка, Атак одлучил да вклучи свое архитектонско дело во оваа сцена која го покачува адреналинот.

„Иако не бев таму, почувствував адреналин како да стојам на работ“, вели Атак. „Потоа сонував да живеам на работ и понатаму од него. Едноставно, сакав да го продолжам ова искуство и по границата, и замислата да го имам ова искуство едноставно ме инспирираше.“

Возбудлив хотелски дизајн со стаклен базен што лебди 600 метри над норвешките фјордови

Иако овој мал хотел во моментов е само фантазија во концепт-фаза, постојат други проекти за возбудливи стаклени базени кои се веќе во изградба. Погледнете го и овој бесконечен базен на кров од зграда, со панорамски поглед од 360 степени.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар