Остварување на женските соништа: Најслатката мала куќа на Интернет

Остварување на женските соништа: Најслатката мала куќа на Интернет

Оваа слатка мала куќа изгледа како куќичка за кукли, но таа не е играчка туку практичен дом уреден со многу љубов и стил. Малата куќа на тркала претставува совршен пример како изгледа дом кој во целост е создаден за вашите потреби.

Доли од Викторија, Австралија дизајнирала функционален дом во кој скалите ве водат до просторот за спиење. Тие исто така се и скриен простор за складирање, додека во долниот дел од куќата се наоѓа мала кујна и уникатен тоалет.

Таа го испланирала и создала домот кој е совршено прилагоден на нејзината висина, па има доволно место за движење, па дури и за вежбање јога. Малата и практична кујна, со магични бои, интересни декорации и прекрасни растенија ја прави оваа куќа совршена за секоја жена.

По 3 години живеење во срцето на Мелбурн, Доли одлучила да побегне од градската гужва и на една фарма ја изградила својата мала куќа. Таа изгледа како камп приколка. Па, доколку и вие мечтаете за мал дом кој има сè што ви треба, инспирирајте се од овие фотографии!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар